Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Македонија

„Македониум“ со историски архивски материјали за Македоницте во Албанија: По децении разделеност, Македонци од Албанија и Македонија повторно се сретнаа во Стење

Весникот “Македониум“ продолжува да ги објавува историските архивски материјали кои сведочат за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Весникот “Македониум“ продолжува да ги објавува историските архивски материјали кои сведочат за животот, истрајноста и историјата на Македонците во Албанија.

По објавата за посетата на митрополит Петар на Мала Преспа во 1991 година, веднаш по падот на комунистичкиот режим, во чиј период религијата беше забранетаи, весникот објави за историската погранична средба на Македонците од Албанија и од  Македонија во април, истата година.

“Во април 1991 година, по децении на изолација и затворени граници, Македонците од Албанија и Македонија повторно се сретнаа. Тоа беа историски денови кои го означија почетокот на повторното поврзување на македонските семејства и заедници разделени со децении од комунистичкиот режим во Албанија, пишува весникот.

Реклама

Снимката е од пограничната средба во Стење, на 7 април 1991 година, како и од посетата на Македонците од Македонија на Мала Преспа неколку дена подоцна.

“На 7 април 1991 година, Македонци од Албанија, претежно од Мала Преспа и селото Врбник од областа Девол, по претходното рушење на бодликавата жица која со децении ги разделувала од Македонија, по неколку неуспешни обиди конечно ја преминале границата. Тие масовно се упатиле кон граничниот премин Стење–Горица, кој во тој период сè уште официјално не бил отворен, и продолжиле во атарот на селото Стење. Таму биле пречекани од Македонци од другата страна на границата, во моменти исполнети со силни емоции, радост и неверување дека по толку години повторно можат слободно да се сретнат, стои во написот.

Меѓу оние кои ги пречекале имало и Македонци со потекло од Албанија, чии семејства по затворањето на комунистичка Албанија за светот, биле разделени речиси половина век. За многумина тоа била прва средба со своите роднини по повеќе од 50 години.

Историската средба не завршила со повторното отворање на границата. Само неколку дена подоцна, Македонци од Македонија масовно пристигнале во Мала Преспа, каде што биле пречекани од локалното македонско население. 

„Овие моменти претставуваат едни од најзначајните сведоштва за историската поврзаност на Македонците од Албанија и Македонија и за нивната желба, веднаш по падот на комунистичкиот режим, повторно да се поврзат со својот народ и со своите роднини. Камерата на Гоце Петровски ги овековечила овие неповторливи моменти, оставајќи драгоцено сведоштво за една историска пресвртница, наведува „Македониум“.

По повеќе од три и пол децении, овие архивски кадри повторно оживуваат како сведоштво за времето кога паднаа границите што со децении ги разделуваа луѓето, но не успеаја да ја избришат нивната припадност, сеќавањата и врските со своите најблиски.

„Македониум“ најавува продолжување со објавите на историските архивски материјали кои сведочат за животот, истрајноста и историјата на Македонците во Албанија.