Реклама

Муцунски на министерскиот состанок во Атина, во среда нов самит ЕУ-Западен Балкан

Побрзо до сопствен дом, олеснувања за студентите- граѓаните очекуваат мерките да ги мотивираат младите да останат во Македонија

Извештајот на ЕК во Собрание: Сите гледаат напредок за Македонија, освен Венко Филипче

Најмалку 10 проценти од становите во новоградбите ќе се продаваат по 20 проценти пониска цена за млади брачни парови

Конференција за доживотно учење – Како да се намали невработеноста?

Модернизација и дигитализација за поконкурентно земјоделство

Аларм од надлежните дека опасна онлајн група демне деца и кај нас во Македонија

Пензионерите на нозе – бараат отчет и смена на Трајкова за која тврдат дека е нетранспарентно избрана на функцијата

„One Stop Shop“ на Ќафасан за забрзано движење меѓу Македонија и Албанија

Митовски ги исполитизира и кравите – Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат решение за проблемот

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде целосно завршен во 2029-та, автопатот Кичево-Охрид во вториот квартал од 2027-мата година

Хаос и протести наместо решение – Митовски не го прифаќа акцискиот план на ВМРО ДПМНЕ за проблемот со кравите

Македонија

ЈОРСМ: По грчката акција „Вардарис“ – истрага и 30-дневен притвор за осомничен за транспорт на над 324 килограми марихуана

– По грчката акција „Вардарис“, има истрага и определен е притвор за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– По грчката акција „Вардарис“, има истрага и определен е притвор за едно лице, осомничено за транспорт на над 324 килограми марихуана, соопштија денеска од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија (ЈОРСМ).

Како што соопштија од ЈОРСМ, предметен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, постапувајќи по кривична пријава поднесена од Министерството за внатрешни работи, донел наредба за спроведување истражна постапка против едно лице.

– Постои основано сомнение дека осомничениот сторил кривично дело – „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. Имено, во периодот од февруари до 14 август 2026 година, осомничениот, заедно со тројца осомничени, против кои се води постапка во Република Грција, како повеќе лица, неовластено заради продажба и пуштање во промет, организирале набавка, држење и пренесување наркотична дрога – марихуана, во вкупна нето-маса од 324 килограми и 474 грама. Кон крајот на февруари, годинава, осомничениот набавил товарно моторно возило, а на почетокот на март и приколка, по што веднаш организирал наводен превоз на рециклирана пресувана хартија од Република Северна Македонија кон Република Турција, преку Република Бугарија. Откако ги завршил царинските формалности, на 8 март 2026 година, осомничениот со товарното возило и приколката ја напуштил македонската територија во правец кон Република Бугарија. Меѓутоа, наместо да продолжи кон Република Турција, се упатил кон Република Грција, каде возилото со приколката го оставил на изнајмен затворен плац во Солун – појаснија од ЈОРСМ.

Реклама

Во соопштението се додава дека таму се сретнал со двајца од осомничените против кои се води постапка во Република Грција, од кои едниот бил недостапен за органите на прогонот, и го договорил понатамошниот транспорт на наркотичната дрога, како што се наведува, откако истата ќе биде сокриена во товарот со рециклирана хартија.

– По набавката на наркотичната дрога, двајца од осомничените, заедно со засега непознати лица, во периодот од 11 до 14 август 2026 година ја сместиле марихуаната во претходно направени отвори во балите со рециклирана хартија. На 14 август 2026 година, во рамките на акцијата „Вардарис“, полициски службеници во Република Грција лишиле од слобода двајца од осомничените и извршиле преглед и претрес на изнајмениот плац. Таму била пронајдена приколката, од која претходно биле отстранети регистарските ознаки. Во четири палети сместени во задниот дел од приколката и во уште четири палети пред неа било пронајдено погореспоменатото количество на наркотична дрога – марихуана – информираа од ЈОРСМ.

Јавниот обвинител оценил дека доколку осомничениот биде оставен да се брани од слобода, може да се даде во бегство, да ја попречува кривичната постапка со влијание врз соучесници и сведоци или да го повтори кривичното дело.

– Од тие причини, до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд – Скопје беше доставен предлог за определување мерка – притвор. Судијата го прифати предлогот и со решение, вчера на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена – додадоа од ЈОРСМ.