Реклама

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Куповната моќ на граѓаните се заголемила за 18% во последните пет години

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Пронајдени уште докази по разбивањето на криминалната група од Прилеп, а поврзани со нарко-трговија и перење пари

Мицкоски пред Фон Дер Лајен: Македонија ги исполнува обврските – време е Европа да обезбеди фер процес без нови условувања

Почна изградбата на новиот дом за стари во Кочани

7.000 медицински сестри недостигаат во здравствениот систем – покрај платите, важни се и условите за работа

Економија

Мицкоски: Инфлацијата во јули изнесува 2,3 проценти, Македонија е втора во регионот 

Инфлацијата во Македонија во јули годинава изнесува 2,3 проценти на годишно ниво,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Инфлацијата во Македонија во јули годинава изнесува 2,3 проценти на годишно ниво, додека цените на мало во маркетите се зголемени за 1,8 проценти, што ја става земјата на второто место со најниска инфлација во регионот, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

Одговарајќи на новинарски прашања по увид во градежни активности за изградба на фекална канализација во населеното место Идризово во општина Гази Баба, Мицкоски оцени дека ова се податоци кои ја покажуваат суштинската разлика во економските резултати меѓу актуелната и претходната власт на СДСМ и ДУИ. 

Споредено со просекот на Европската Унија, кој во моментов се движи меѓу 2,9% и 3%, Мицкоски нагласи дека домашната инфлација е речиси двојно пониска.

Реклама

– Европската Унија е нашиот најголем трговски партнер. И се сеќавате, во онаа влада во 2022 година, владата на СДСМ и ДУИ, кога имавме двоцифрена инфлација којашто на моменти стигаше и до 20%, нè убедуваа дека било увезена. А тогаш просекот во ЕУ беше двапати помал од инфлацијата кај нас. Сега кај нас е двапати помал од просекот во Европа – истакна Мицкоски.

При споредба на сите 12 земји од регионот – Словенија, БиХ, Хрватска, Црна Гора, Косово, Албанија, Србија, Романија, Бугарија, Грција, Турција и Македонија, Мицкоски посочи дека во јули 2022 година сме биле деветти и само три земји – Турција, Романија и Бугарија биле зад нас, сега сме втори и речиси сите земји од регионот се зад нас. 

​-Ако тогаш сме биле деветти, сега сме втори. Тоа е разликата меѓу оваа Влада и таа влада. Тогаш во јули  инфлацијата била над 14%, мислам 14,7%, така нешто, сега е 2,3%. ​Таа е разликата меѓу оваа Влада и податоците, кога станува збор за инфлацијата, и таа влада којашто тогаш функционирала, а двете функционираат во исто  предизвикувачко време од аспект на енергетска криза. Тогаш се случува војната во Украина, сега се случува војната во Заливот, односно војната во Иран. Според сите светски аналитичари, оваа војна има далеку подевастирачки последици од таа војна којашто тогаш се случи по светската економија и енергетиката – изјави Мицкоски. 

​Не можеме на чувство да водиме политика, нагласи Мицкоски, посочувајќи дека кога водите политика, мора да правите компарација со нешто, а „ние правиме компарација со таа влада којашто сме ја победиле на избори, со претходната влада“.

-Така што, разликата е 7 спрема 1; 6 спрема 1; 8 спрема 1 — тоа е разликата. Ние правиме компарација со таа влада којашто сме ја победиле на избори, со претходната влада, да видиме дали сме подобри. И кога ќе ги направите овие споредби, ќе видите дека станува збор најмалку 3 спрема 1, а некогаш 7 спрема 1 подобар резултат. Тоа е разликата – изјави Мицкоски.

​