Граѓаните не треба да бидат заложници на партиската паника на Филипче и СДСМ, водата во Гостивар е повторно питка, а институциите ја следат состојбата и постапуваат одговорно, изјави на прес-конференција Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, се вели во партиското соопштение.
Додека институциите работат и ги решаваат проблемите, СДСМ се обидува политички да профитира преку ширење страв и паника меѓу граѓаните.
Последен пример е ширењето на лаги и манипулации за наводна загадена вода во Скопје. Прво пласираат обвинувања, а кога ќе бидат демантирани со факти, нема ниту извинување ниту одговорност.

Исто беше и со водата во Гостивар. Надлежните институции ги направија потребните испитувања и потврдија дека водата е безбедна за пиење. Наместо да ги прифати фактите, СДСМ продолжува да создава сомнеж кај граѓаните.
Граѓаните не треба да бидат заложници на партиската паника на СДСМ. Водата во Гостивар е безбедна, а институциите ја следат состојбата и постапуваат одговорно.
Додека Филипче е на Паљури со Заев, хаосот во СДСМ е поголем од кога било. Наместо да измислуваат кризи, во СДСМ треба да се справат со сопствениот хаос.

