Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Македонија

Во Глобочани литературна вечер посветена на писателот Стерјо Спасе

Под мотото „По стапките на Спасе“ во музејот, што го носи неговото…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Под мотото „По стапките на Спасе“ во музејот, што го носи неговото име, во селото Глобочони, општина Пустец одржана е  литературна вечер посветена на животот, делото и наследството на големиот писател Стерјо Спасе. 
 
– Ова е посебна литературна и културна вечер во Глобочани, посветена на 112-годишнината од раѓањето на нашиот Стерјо Спасе, голем Македонец, еден од најзначајните претставници на албанската литература и име со кое Преспа со право се гордее, рече градоначалникот Пали Колефски.

Упати посебна благодарност до претседателот на Советот на округот Корча, Петрика Толкуци, за неговото присуство и поддршка, до Клубот на писатели „Новиот свет“ („Bota e Re“), како и до сите гости, писатели, истражувачи и љубители на уметноста  кои „преку своите зборови, размислувања и анализи донесоа вредни согледувања за животот, ликот и творештвото на Стерјо Спасе”. 

Според Колефски, денот на раѓањето на Спасе, секоја година ќе биде ден посветен на средбата со литературата и културата, со што, како што најави, ова одбележување ќе стане трајна традиција во Голобочани. 
 
– Повторно ќе се среќаваме, секоја година, „По стапките на Спасе“, за повторно да го откриваме неговото творештво, да го одржуваме живо сеќавањето за него и неговото дело и да го пренесуваме неговото наследство на новите генерации, порача градоначалникот Колефски.
 
– Стерјо Спасе е дел од културниот идентитет на Преспа. Им благодариме на сите кои беа дел од оваа вечер и кои го претворија сеќавањето на писателот во жива средба со литературата, културата и нашето наследство, рече Ефтим Митревски, кустос во музејот.

Реклама

– Стерјо Спасе е дел од културниот идентитет на Преспа. Им благодариме на сите кои беа дел од оваа вечер и кои го претворија сеќавањето на писателот во жива средба со литературата, културата и нашето наследство, рече Ефтим Митревски, кустос во музејот.

Стерјо Спасе е роден во село Глобочани, на 14 август 1914 година. Починал на 13 септември 1989 година во Тирана. Тој е еден од значајните претставници во современата албанска литература, а истовремено е еден од најуспешните писатели во Албанија од македонско потекло. 

Во 1935 година во Корча го издава својот прв роман „Од живот во живот – зошто”. Во романот наречен едноставно „Зошто” ремек-дело на неговото творештво, тој ја опишува историјата на млад интелектуалец, кој се вратил во своето родно село по завршување на обуката и за судирот со традиционалното, кој го води до самоубиство.