Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Економија

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Владата во целост го поддржа барањето за повисока откупна цена на пиперката…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владата во целост го поддржа барањето за повисока откупна цена на пиперката ајварка.  На производителите им се вреднува родот, а државата го контролира  процесот.  Засега договореното се почитува. На договорот претходеа двонеделни протести на струмичките земјоделци кои бараа повисока откупна цена. Протестите ги предводеше месното здружение на млади земјоделци Муртино, незадоволни од ниската откупна цена на ајварката. За Премиереот Христијан Мицкоски е чудно што по неколкудневните протести, откако владата им подаде рака, и ги поддржа земјоделците, а не откупувачите, протестите веднаш запреа и наеднаш се постигна договор.

„Еве ние ве поддржуваме ние сакаме да имате повисока цена за вашиот род и заслужувате повисока цена и треба да имате. Вашиот род од страна на откупувачите е потценет. Ајде заедно во откупните центри да протестираме сите. Е тогаш наеднаш се постигна договор, наеднаш се договори се, наеднаш се затвори целата оваа приказна. Но, добро е што сега сите се задоволни, што откупот веќе неколку дена тече онака како што отчекувавме“,  изјави Мицкоски.

Владата останува на ставот дека земјоделеците мора да бидат заштитени, а нивниот труд соодветно вреднуван. Според договорот, пиперката ајварка се откупува до 40 денари за килограм за прва класа.

Реклама

За земјоделците ова значи конкретна разлика. Почетната цена од 25 денари е заменета со договорени 40 денари за прва класа, 30 денари за индустриска класа, и 15 денари за втора класа.

Министертството за земјоделие останува посветено на вреднувањето на трудот на земјоделецот. За евентуални субвенции за производство на пиперка треба да се направат законски измени. Но за посветеноста на земјоделците потврди изјавата на Министерот Борче Серафимовски дека до карјот на месецов се обезбедни субвенции во износ од двесте илјади евра наменети за сточарите и полјоделците.