Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Економија

Почна асфалтирањето на булеварот „Борис Трајковски“

Почна асфалтирањето на булеварот „Борис Трајковски“ – соопшти градоначалникот на Скопје, Орце…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Почна асфалтирањето на булеварот „Борис Трајковски“ – соопшти градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, нагласувајќи дека на фреквентната сообраќајницата се става првиот слој асфалт и таа се доврзшува „по триесетгодишно чекање“.

-Се сеќавам уште како дете, довршувањето на овој булевар беше ветување кое се повторуваше со години. Генерации граѓани слушаа ветувања, а повеќе од 100.000 луѓе кои секојдневно гравитираат во овој дел од Скопје живееја со гужви, нервози и сообраќајна голгота. Тоа време завршува! Со мојот тим си поставивме јасна цел – да не бараме изговори, туку решенија. Да не зборуваме што било невозможно вчера, туку да покажеме што е возможно денес кога се работи чесно, домаќински и со силна волја –  напиша скопскиот градоначалник на Фејсбук.

Го решивме долгогодишниот проблем со експропријацијата, како што истакнува тој, за што искрено им благодарам на стопанствениците за коректниот и домаќински пристап.

Реклама

-Ја ослободивме трасата и започнавме со изградба со силно темпо. И денес, нешто повеќе од три месеци подоцна, го поставуваме првиот слој асфалт! – напиша скопскиот градоначалник.

Ѓорѓиевски посочува дека по завршувањето на оваа страна, сообраќајот ќе биде пренасочен, а ќе почне реконструкцијата и на другиот дел од трасата, кој исто така ќе добие целосно нов асфалт.

-Паралелно изградивме и нова атмосферска канализација, затоа што нов булевар значи и трајно решение, правилно одведување на атмосферските води, поголема безбедност и инфраструктура која треба да служи со децении. Ова е крај на едно триесетгодишно чекање – вели тој.

Како што нагласува Ѓорѓиевски, ова е доказ дека кога има волја, работа и одговорност, нема заборавени проекти и нема заборавени граѓани.

-Ветивме и остваривме. Мојот народ заслужува модерна и безбедна патна инфраструктура. Заслужува нормални услови за живот. Заслужува град кој се движи напред. И токму такво Скопје ќе изградиме – со работа, со резултати и со дела што остануваат зад нас. Скопје го градиме заедно – напиша на својот Фејсбук скопскиот градоначалник Ѓорѓиевски.