Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Македонија

Мицкоски: За водата во Скопје опозицијата се обиде да создаде хистерија, за водата во Гостивар Владата не е одговорна, напротив – таа помогна

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека ден пред да се рашири веста…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека ден пред да се рашири веста за наводно загадена вода во Скопје добиле информација дека опозициски партии ќе се обидат да создадат таква хистерија преку социјалните медиуми. 

На прашање за кои опозициски партии се работи, одговори дека истрагата сега ја води МВР каде што се повикани десетина луѓе на разговор и оттаму треба да се бараат детали. Нагласи дека  социјалните медиуми како никогаш порано сега се терен каде што секој пишува невистини и сè што сака без да има никаква одговорност, посочувајќи дека опозицијата такви невистини ширела и за населување мигранти, криза со струја, минатата година се испраќале лаги и конструкции за пожарите за да се создаде атмосфера на хистерија, страв и револт. 

Очекува со новите измени во Кривичниот законик да има санкции и за лица коишто, рече, свесно создаваат хистерија односно вршат своевиден хибриден напад, создаваат чувства на немир и страв кај граѓаните.

Реклама

-За жал, денеска преку социјалните медиуми се испраќаат вакви пораки кои претставуваат еден вид хибриден напад, пораки чија цел е да внесат немир, несигурност и револт кај граѓаните. Разбирам дека имаме работа со безидејна и очајна опозиција која се обидува да креира и конструира хистерија на начин на кој можеби и се претерува, но, во ред, тие ја одбрале таа тактика да соберат политички поени, но ние ќе се бориме со проекти, со работа и со посветеност зашто на таков начин не можете поинаку да им се спротивставите и да им парирате. Можете со работа и со проекти да се спротивставите на лагите и кнструкциите на безидејната, тажна и очајна опозиција, изјави Мицкоски одговорајќи на новинарски прашања по пуштањето во употреба на спортската сала во подрачното училиште „Круме Кепески“ во Кисела Вода.

Но, повеќе го загрижува, рече, што во овој случај  „има и некои повеќе комерцијални обиди“, бидејќи во еден ден, наеднаш, голем дел од маркетите ги испразниле своите количини и резерви на флаширана вода.

Во врска со обвинувањата од опозицијата која од Владата бара одговорност за водата во Гостивар, Мицкоски рече дека треба да се обратат кај градоначалникот на Гостивар кого го поддржале на изборите, а тој го поставил раководството на јавното претпријатие кое стопанисува со Водоводот. Ја упати опозицијата одговорност да бара и кај  претходни министри, дел и од нивните редови, кои со години не презеле ништо иако имало извештаи за незадоволителен квалитет на водата во тој град.

-Нема да слушнете од СДСМ за одговорност од градоначалникот, бидејќи е нивни кадар, туку ќе слушнете дека бараат одговорност таму каде што таа одговорност ја нема. Напротив, ние во Владата дадовме сè што можевме состојбата да се нормализира како никогаш досега односно за помалку од четири недели комплетно е прочистен системот како никогаш досега. Ние како Влада обезбедивме преку четири недели, секој ден, од два до три шлепери вода, тоа се приближно 50-60 тони вода за пиење додека не се прочисти системот и додека параметрите не дојдоа на задоволителното ниво, а веднаш по првата недела обезбедивме техничка вода која можеа да ја користат граѓаните на Гостивар. Од овој момент па натаму грижата е целосно кај јавното претпријатие кое дава таква услуга – водовод во Гостивар, рече Мицкоски, додавајчи дека истрагата за водата во Гостивар треба да продолжи додека да се опфатат сите што имале и најмала одговорност и додека не се  констатира кој е виновен за овој случај.