Реклама

Мицкоски: Очекуваме ЕУ да се вклучи во разговорите со Бугарија, со цел да се создаде европско одржливо решение, без нови билатерални условувања

Фон дер Лајен пристигна во Владата на средба со Мицкоски

Муцунски ја пречека Фон дер Лајен на скопскиот аеродром

Филипче на удар по собранискиот испад – и довчерашните поддржувачи бараат оставка

Николоски: Ги спроведуваме реформите и Планот за раст на ЕУ

Фон дер Лајен во Скопје на средби со државниот врв – во фокусот европската интеграција на земјата

Николоски од Брисел: Посветно ги спроведуваме реформите и Планот за раст на ЕУ, единствената причина зошто не напредуваме е ветото од Бугарија

Мицкоски: Македонија и САД, сојузништво засновано на доверба, поддршка и пријателство

Прилепчани оперирале од Халкидики до Мадрид

Сиљановска и Јаневска на првиот академски час на УКИМ

Клековски: Современа терапија за цистична фиброза примаат 126 пациенти, меѓу нив и деца над две години

Настап на Венко Филипче во Собранието: Премиерот го нарече идиот, критичарите ќе ги газел како шлепер жаба

Tоп

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Целта им е да создадат хистерија, чуство на немир и страв кај…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Целта им е да создадат хистерија, чуство на немир и страв кај граѓаните – сомнежите се дека опозициски партии стојат зад објавите на социјалните мрежи дека наводно водата во Скопје е небезбедна за пиење. Премиерот Христијан Мицкоски вели дека Владата еден ден претходно била информирана дека ќе се шират пораки дека водата во Скопје е загадена со бактеријата Ешерихија коли и дека се подготвува хибриден напад преку социјалните медиуми.

Според премиерот, слично било и минатата година кога организирано преку социјалните мрежи се пишуваше дека државата ќе банкротира, дека ќе влезат илјадници мигранти, но и дека ќе имаме енергетска криза..

  • „Јас се надевам дека со новите измени на Кривичниот законик ќе има и казнена одредба за ваквите лица кои свесно создаваат хистерија, односно вршат еден своевиден хибриден напад, создаваат чувство на немир, чувство на страв кај граѓаните. Но, она што мене посебно ме загрижува е што мислам дека тука има и други, повеќе комерцијални обиди бидејќи во еден ден, наеднаш, голем дел од маркетите ги испразнија своите резерви и количини на пакувана вода“, рече Мицкоски.

Во гостиварските чешми од вчера тече пивка вода, но одговорностa за пет-неделната криза опозицијата ја бара на погрешно место. Мицкоски не очекува СДСМ да го обвини актуелниот градоначалник, кој е одговорен за безбедноста на водата,  бидејќи социјал-демократите му дадоа поддршка на локалните избори.

Реклама
  •  „Со водоводот стопанисува јавно претпријатие чие раководство го поставува градоначалникот, кој беше поддржан од СДСМ. Владата во изминатиот период се вклучи и обезбеди помош за нормализирање на состојбата, а системот беше целосно прочистен за помалку од четири недели. Во тој период секојдневно се обезбедуваа меѓу два и три шлепери со вода за пиење, односно околу 50 до 60 тони вода дневно за пиење“, рече Мицкоски.

Тој посочи дека и во минатото имало извештаи дека водата во Гостивар е со несоодветен квалитет, но не било постапено и нагласи дека за ова прашање веќе работат Обвинителството и МВР, каде истрагата сè уште не е завршена и ќе продолжи сè додека не се утврди одговорноста на сите инволвирани.

Во МВР тече истрага и за предизвикување паника во Скопје дека во водата наводно има бактерија, а досега на разговор биле повикани 13 луѓе кои ширеа информации по социјалните мрежи дека Инфективна била полна со заразени од Ешерихија коли. Никој од нив на полицајците не им кажал релевантен извор за таквите објави.