Реклама

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Николоски: Проблемот на превозниците ќе се решава со билатерални договори

Коцката е фрлена – 5 години затвор или слобода? Груби за 10 дена седнува на обвинителна клупа

Тешка ноќ за македонските пожарникари: По 24 часа пожарот кај Лознани локализиран во најголем дел

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Изолиран инцидент или предизвикување паника – Шестмина повикани на разговор во МВР за водата во Скопје

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Македонија

Превентивни активности за безбеден сообраќај, заштита од пожари на отворено и кражби, како и за спречување семејно насилство

МВР информира дека денеска во Неготино, Кавадарци, Штип и Кочани беа реализирани…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

МВР информира дека денеска во Неготино, Кавадарци, Штип и Кочани беа реализирани превентивни активности за безбеден сообраќај, додека во Градско, Делчево и општина Зелениково за заштита од пожари. На Меѓуградската автобуска станица во Скопје, пак, се спроведе превентивна активност под мотото „Секој може да биде жртва”. 

-Во Неготино спроведената активност беше на тема „Не заборавајте, сите сме пешаци“, во рамки на која на возачите им беше укажано да бидат одговорни во сообраќајот, особено да внимаваат пред обележан пешачки премин со цел да ги заштитат пешаците како најранлива категорија на учесници во сообраќајот. Полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај при ОВР Кавадарци, пак, реализираа активност на тема „Последици од управување технички неисправно возило“, потенцирајќи им ја на возачите обврската за редовно одржување и техничка исправност на возилата, како клучен предуслов за безбедно учество во сообраќајот, наведува МВР на својот официјален фејсбук профил.

Активностите во Штип и Кочани беа на тема „Паркирај совесно, паркирај одговорно“.

Реклама

-За време на активноста на возачите учесници во сообраќајот им беа поделени летоци со корисни совети и им беше појаснета законската регулатива околу обврската која ја имаат како возачи возилата да бидат ги паркираат на соодветни одбележани места за да не го попречуваат нормалното одвивање на сообраќајот, дополнува МВР.

Во Градско, Делчево и Зелениково граѓаните беа советувани да бидат внимателни, со цел избегнување на опасноста од предизвикување пожари на отворен простор во текот на летниот период и доколку забележат пожар да пријават на телефонскиот број 112.

-Во Штип беше спроведена и превентивна активност на за заштита од кражби и измами. Во непосредни разговори на повозрасните лица-пензионери им беа поделени летоци со совети да внимаваат околу начините за препознавање на измами, како да се заштитат од кражби, а им беа појаснети и законските одредби, односно постапките што можат да се преземат за заштита од овие видови на имотни деликти. Во Делчево беше реализирана и активност на тема „Не биди нем сведок“ и „Има помош за живот без насилство“. На средбите со граѓаните им беа давани совети за самозаштита и достапни упатства за помош и начините како да се препознае насилството, како и насоки за тоа што можат да сторат доколку се најдат во таква ситуација да бидат сведоци на одреден вид насилство. Особено беше потенцирана неопходноста од соработка и нивна навремена комуникација со полицијата, пред се точно и брзо пријавување на бројот 112, информира МВР.

Одделението за превенција при СВР Скопје на Меѓуградската автобуска станица во Скопје спроведе и превентивна активност под мотото „Секој може да биде жртва”. Основна цел беше зголемување на безбедносната култура кај граѓаните, како и зајакнување на довербата и соработката помеѓу полицијата и граѓаните. За време на активноста на граѓаните им беше укажано кога ги напуштаат своите возила да не оставаат вредни предмети на видно место за да не бидат цел на криминалците кои вршат тешки кражби од возила, како и да внимаваат на личните предмети кои ги носат со себе.