Реклама

Муцунски на министерскиот состанок во Атина, во среда нов самит ЕУ-Западен Балкан

Побрзо до сопствен дом, олеснувања за студентите- граѓаните очекуваат мерките да ги мотивираат младите да останат во Македонија

Извештајот на ЕК во Собрание: Сите гледаат напредок за Македонија, освен Венко Филипче

Најмалку 10 проценти од становите во новоградбите ќе се продаваат по 20 проценти пониска цена за млади брачни парови

Конференција за доживотно учење – Како да се намали невработеноста?

Модернизација и дигитализација за поконкурентно земјоделство

Аларм од надлежните дека опасна онлајн група демне деца и кај нас во Македонија

Пензионерите на нозе – бараат отчет и смена на Трајкова за која тврдат дека е нетранспарентно избрана на функцијата

„One Stop Shop“ на Ќафасан за забрзано движење меѓу Македонија и Албанија

Митовски ги исполитизира и кравите – Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат решение за проблемот

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде целосно завршен во 2029-та, автопатот Кичево-Охрид во вториот квартал од 2027-мата година

Хаос и протести наместо решение – Митовски не го прифаќа акцискиот план на ВМРО ДПМНЕ за проблемот со кравите

Македонија

Реакција од Министерството за животна средина за проектот Пречистителна станица и колекторски систем Тетово

Министерството за животна средина и просторно планирање ја известува јавноста дека Пречистителната…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за животна средина и просторно планирање ја известува јавноста дека Пречистителната станица во Тетово, заедно со колекторскиот систем, претставува еден од најзначајните капитални проекти не само за Тетово туку и за целиот полошки регион.

Токму кога во регионот, целата земја ја сведочи важноста на постоењето на пречистителни станици кои третираат отпадни води, Министерството потсетува дека децениското ветување за пречистителна станица е од исклучителна важност и приоритет за Министерството за животна средина и просторно планирање но и за Општината Тетово.

Затоа, оваа важна капитална инвестиција се спроведува во партнерство со Европската Унија и се користат ИПА средствата за пристапна помош, што воедно значи дека постапката за јавната набавка се спроведува преку Министерството за финансии, Сектор за централно финансирање и склучување на договори и истата е предмет на ex ante одобрување од страна на Делегацијата на ЕУ.

Реклама

Јавниот повик е меѓународен и објавен на F&T portal, како и на веб страната на CFCD. Општината Тетово, ниту Министерството за животна средина и просторно планирање не ги објавуваат резултатите од тендерската постапка.

На 16 април 2026 година беше избран операторот после кој избор има период на жалбени постапки.