Реклама

Муцунски на министерскиот состанок во Атина, во среда нов самит ЕУ-Западен Балкан

Побрзо до сопствен дом, олеснувања за студентите- граѓаните очекуваат мерките да ги мотивираат младите да останат во Македонија

Извештајот на ЕК во Собрание: Сите гледаат напредок за Македонија, освен Венко Филипче

Најмалку 10 проценти од становите во новоградбите ќе се продаваат по 20 проценти пониска цена за млади брачни парови

Конференција за доживотно учење – Како да се намали невработеноста?

Модернизација и дигитализација за поконкурентно земјоделство

Аларм од надлежните дека опасна онлајн група демне деца и кај нас во Македонија

Пензионерите на нозе – бараат отчет и смена на Трајкова за која тврдат дека е нетранспарентно избрана на функцијата

„One Stop Shop“ на Ќафасан за забрзано движење меѓу Македонија и Албанија

Митовски ги исполитизира и кравите – Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат решение за проблемот

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде целосно завршен во 2029-та, автопатот Кичево-Охрид во вториот квартал од 2027-мата година

Хаос и протести наместо решение – Митовски не го прифаќа акцискиот план на ВМРО ДПМНЕ за проблемот со кравите

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Невработениот Жерновски излезе на бесцелна прес-конференција, веројатно, да го заработи паушалот од СДСМ

Неуспешниот градоначалник и несудениот амбасадор, без ниту еден ден работен стаж во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Неуспешниот градоначалник и несудениот амбасадор, без ниту еден ден работен стаж во реалниот сектор, а сега, како што и самиот кажа пред извесно време, невработениот Андреј Жерновски, се јави од говорница на СДСМ. Веројатно да си го заработи партискиот паушал, инаку како би живеел фамилијарен човек, ако е невработен и нема извор на егзистенција – се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Андреј Жерновски.

И за да си го заработи лебот од со пари украдени од народот од предавничката СДСМ, Жерновски држеше бесцелна прес-конференција, во која зборуваше се и сешто, а не кажа ништо.

Во однос на министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски пак се служи со наслови од медиуми, затоа што не може да најде ниедна изјава, затоа што таква изјава не постои.

Реклама

Ќе се задржиме уште само на едно нешто од бесцелната и тотално безидејна прес-конференција, зборува за слобода за говор а од телевизија и медиуми не се симнати, измислуваат теми, сакаат да прават насилни инциденти и одат чекор понатаму, шират страв и паника само за јавно и медиумско внимание.

Така, да, со денешниот настап, Жерновски само уште еднаш потврди дека е дел од талогот на СДСМ којшто цел живот се на некаква функција, државна или партиска и кои за да ги задржат фотелјите, немаат проблем да прелетаат од една во друга партија.

Народот одамна го има прочитано и проценето овој талог од остатокот на СДСМ и затоа неколку изборни циклуси со ред жестоко ги казни и ги испрати во длабока опозиција, а на следните со сигурност ќе ги испрати и во темната страната на историјата.