Реклама

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Николоски: Проблемот на превозниците ќе се решава со билатерални договори

Коцката е фрлена – 5 години затвор или слобода? Груби за 10 дена седнува на обвинителна клупа

Тешка ноќ за македонските пожарникари: По 24 часа пожарот кај Лознани локализиран во најголем дел

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Изолиран инцидент или предизвикување паника – Шестмина повикани на разговор во МВР за водата во Скопје

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Урагански ветришта, двонеделен пеколен бран, сега најава за ново невреме: На што се должат овие нагли перомени?

Страотни пожари во Албанија и Црна Гора: Големиот пожар кај популарниот Херцег Нови стигна до куќите во градот

Економија

Стојаноски: Талогот на СДСМ речиси го дуплираше јавниот долг, денес ги враќаме нивните долгови и ја градиме државата

СДСМ речиси го дуплираше јавниот долг – денес ги враќаме нивните долгови…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СДСМ речиси го дуплираше јавниот долг – денес ги враќаме нивните долгови и ја градиме државата. Кога СДСМ зборува за долг, најдобро е да ги ставиме бројките на маса. Талогот и неговиот начин на функционирање е јасен. Пласираат лаги и создаваат хистерија притоа мислејќи дека народот ќе поверува на повеќепати повторените лаги – вели во објавата на Фејсбук пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојански.

Истите тие кои што сега даваат совети како треба да се води економијата, го дуплираа јавниот долг, а народот и државата не видоа ништо од тоа.

Но ајде да одиме со бројките.

Реклама

Денес СДСМ тврди дека Владата за две години ја задолжила Македонија за повеќе од 2,5 милијарди евра и дека од тоа немало никаков резултат.

Но кај јавниот долг не се гледа само колку пари се позајмени. Се гледа колку стар долг е вратен, колкава е нето-состојбата на јавниот долг, колкав е БДП и колкав товар претставува долгот во однос на економијата.

А бројките кажуваат една поинаква приказна.

Кога СДСМ дојде на власт, на 30 јуни 2017 година, јавниот долг на Македонија изнесуваше 4,7 милијарди евра или 46,1% од БДП.

Кога СДСМ ја напушти власта во 2024 година, јавниот долг во вториот квартал достигна околу 8,9 милијарди евра, а учеството на јавниот долг беше околу 61% од БДП.

Тоа значи дека за време на владеењето на СДСМ јавниот долг пораснал за повеќе од 4,1 милијарди евра, односно за околу 88%.

Од 4,7 на 8,9 милијарди евра.

Речиси двојно поголем јавен долг.

И не се зголемил само номинално. Товарот на долгот во однос на македонската економија се искачил од 46,1% на над 61% од БДП.

А што се случува денес?

Последниот официјален податок на Министерството за финансии, објавен на 31 јули 2026 година, покажува:

Јавен долг: 10,7 милијарди евра.

Јавен долг: 58,8% од БДП!

Во вториот квартал јавниот долг е намален и номинално за 21 милион евра во однос на првиот квартал.

Уште поважно, како процент од БДП е за 2,6 процентни поени понизок отколку на крајот на 2024 година.

Од вториот квартал на 2024 до вториот квартал на 2026 јавниот долг е зголемен за околу 1,8 милијарди евра, а не за 2,5 милијарди евра.

И во истиот период неговото учество во БДП е намалено.

Зошто?

Затоа што значаен дел од новото финансирање не е пари кои едноставно се додаваат на постојниот долг, туку средства со кои се враќаат стари долгови што доспеваат.

И тука доаѓаме до бројката за која СДСМ најмалку сака да зборува.

Тука е поентата!

Од втората половина на 2024 година до 2026 година Министерството за финансии сервисирало повеќе од 4,4 милијарди евра обврски по јавниот долг – долгови оставени од претходно!

Само две конкретни еврообврзници од времето на СДСМ изнесуваат 1,2 милијарди евра главнина:

500 милиони евра – еврообврзница издадена во 2018 година, исплатена во 2025 година.

700 милиони евра – еврообврзница издадена во 2020 година, целосно исплатена во 2026 година.

Само овие две обврски се 1,2 милијарди евра стар долг што оваа Влада мораше да го сервисира.

И покрај тоа, денес јавниот долг е 58,8% од БДП.

Тоа е суштинската разлика.

СДСМ речиси го дуплираше јавниот долг, а економијата не создаде развој соодветен на размерот на задолжувањето.

Денес се отплаќаат старите обврски, а паралелно се гради и инвестира.

Затоа тезата „нема резултати, има само долг“ не поминува кога ќе се соочи со бројките.

Има долг – како што имала секоја влада.

Но има огромна разлика колкав долг наследуваш, колкав стар долг враќаш, колку ти расте економијата и за што ги користиш парите.

СДСМ ја презеде државата со јавен долг од околу 4,7 милијарди евра, а ја остави со околу 8,9 милијарди.

Денешната Влада паралелно сервисира милијарди евра наследени обврски, инвестира во инфраструктура и капитални проекти, ги зголемува платите и успева јавниот долг како процент од БДП да го спушти на 58,8%.

Тоа не е пропаганда. Тоа се бројки.

Објавата може да ја погледнете на следниот линк: