Центарот за управување со кризи информира дека до 13:00 часот регистрирани се вкупно 12 пожари на отворен простор, од кои шест се активни, под контрола се два пожари, а четири пожари се изгаснати.
Активни пожари се пожарите во с. Моране – с. Вртекица – с. Рамни Габер (мешана шума) во Општина Студеничани, во м.в. Видуш, кај с. Драгов Дол и кај с. Локвица (ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки) во Општина Македонски Брод, с. Маково – с. Црничани – с. Рапеш (ниска вегетација и деградирана шума) во Општина Новаци, с. Слп (ниска вегетација и ретка дабова шума) во Општина Велес, во с. Копанце (шума) во Општина Јегуновце и во с. Зајас (нискостеблеста шума) во Општина Кичево.
Под контрола се пожарите во с. Алданци – с. Норово (нискостеблеста деградирана дабова шума) во Општина Крушево и на градска депонија во Општина Делчево.

Изгаснати се четири пожари:
Општина Могила: с. Лознани и с. Вашарејца (ниска вегетација).
Општина Битола: с. Лопатица (ниска вегетација).
Општина Штип: с. Сушево (ниска вегетација).
Општина Тетово: ул. „Иво Лола Рибар“ (ниска вегетација).

