Реклама

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Николоски: Проблемот на превозниците ќе се решава со билатерални договори

Коцката е фрлена – 5 години затвор или слобода? Груби за 10 дена седнува на обвинителна клупа

Тешка ноќ за македонските пожарникари: По 24 часа пожарот кај Лознани локализиран во најголем дел

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Изолиран инцидент или предизвикување паника – Шестмина повикани на разговор во МВР за водата во Скопје

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Урагански ветришта, двонеделен пеколен бран, сега најава за ново невреме: На што се должат овие нагли перомени?

Страотни пожари во Албанија и Црна Гора: Големиот пожар кај популарниот Херцег Нови стигна до куќите во градот

Македонија

Манасиевски: СДСМ денеска појде во обвинителство да потврди дека пратиле насилници во Ново Село

Наместо одговор, кривична пријава. СДСМ денеска поднесе кривична пријава против мене. Но,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Наместо одговор, кривична пријава. СДСМ денеска поднесе кривична пријава против мене. Но, во целата нивна реакција има една многу важна работа. СДСМ не ги негира информациите што ги објавив. Што значи дека ги потврдуваат, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Не негираат дека лицата кои ги претставуваа како „млади активисти“ се осудени насилници и трговци со дрога. Не ги демантираат фактите што ги објавив за нивното криминално минато.

Наместо одговор на тоа, решија да се занимаваат со тоа од каде сум ги добил информациите.

Реклама

Јас сум портпарол на ВМРО-ДПМНЕ и го штитам јавниот интерес. Не сум никаков полициски службеник, немам никаков пристап до полициски системи и не сум барал од никого да крши закон.

Информациите ги добив од луѓе, патем се свиркачи од СДСМ, кои одлучиле да укажат на нешто за кое сметале дека јавноста треба да знае.

Зошто денес СДСМ не ги брани фактите? Кои се луѓето кои СДСМ ги претставува како „жртви“? Какви пресуди имаат зад себе? Зошто СДСМ не ги демантира тие факти?

Одговорот е сосема јасен. Затоа што тие деца кои Филипче ги нарече “деца на Македонија”, впрочем се деца на Заеви.

Поднесената кривична пријава кон мене, нема да го оттргне фактот дека кадарот во СДС е криминален, насилнички и коруптивен. Ќе продолжиме да ја изнесуваме секоја вистина за граѓаните да знаат зошто сте дојдени на историски минимум од 100 илјади гласови.

Кривична пријава не е пресуда. А мене кривични пријави нема да ме замолчат да ја говорам вистината.