Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Македонија

Куманово ќе спроведе четврта дезинсекција против комарци и втор третман против крлежи

Во Куманово ќе се спроведе четвртиот терестички третман против возрасната форма на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Куманово ќе се спроведе четвртиот терестички третман против возрасната форма на комарци, а во наредните денови ќе се изврши и вториот третман против крлежи на зелените градски површини и градскиот кеј, информираат од Општина Куманово.

Четвртиот терестички третман против комарци ќе се спроведе на 18 август, со почеток во 00:00 часот и ќе трае до раните утрински часови. Дезинсекцијата ќе опфати повеќе локации во Куманово и околината, меѓу кои течението на реката Кумановка од Кумановска Бања, преку Проевце и Бејтови ниви, по должината на кејот на реката и на површините под бавчи од другата страна на реката.

Ќе бидат опфатени и површините покрај булеварот „Октомвриска револуција“, околу Градскиот парк и улицата „Никола Тесла“, како и просторот покрај реката во реонот на ООУ „Толи Зордумис“.

Реклама

Третманот ќе се спроведе и во Диво Насеље, по текот на реката во село Романовце, на градските гробишта, Зелен Рид, долж булеварот „Трета МУБ“ и улицата „11 Октомври“. Посебен акцент ќе биде ставен на просторот околу ЈЗУ Општа болница – Куманово, централното градско подрачје, течението на реката Серава, населбата Перо Чичо и други локации низ градот. За терестичката дезинсекција ќе се користи препаратот „Цитрол УЛВ“.

На 20 август, со почеток во 05:00 часот, ќе се спроведе втор третман против крлежи на зелените градски површини. Ќе бидат опфатени Соколански парк, малиот плоштад пред НУЦК „Трајко Прокопиев“, големиот плоштад пред „Нама“, Спомен-костурницата, локалитетот Кошеви и Градскиот парк. На 21 август, третманот против крлежи ќе продолжи на градскиот кеј. Дезинсекциите ќе се реализираат до 08:00 часот, а ќе се користи препаратот „Cimina Plus“.

Од Општина Куманово информираат дека, во случај на неповолни временски услови, планираните третмани ќе бидат одложени за првиот нареден ден кога условите ќе дозволат нивно безбедно спроведување.

Општина Куманово за услуги кои се извршуваат неколку пати во годината, за запрашување против инсекти, дезинсекција, дератизација против крлежи, лебарки, комарци и глодари од општинскиот буџет оддели над еден милион денари (1.112.400,16). За авионско третирање со инсектицид против комарци – возрасна форма општината одвои над 1, 5 милиони денари од буџетот (1.569.376,40).