Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Македонија

ЦУК: Активни шест пожари на отворен простор, три се под контрола и 31 изгаснати

До 7:30 часот утрово се регистрирани вкупно 40 пожари на отворен простор,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

До 7:30 часот утрово се регистрирани вкупно 40 пожари на отворен простор, од кои активни се шест пожари, под контрола три и изгаснати 31 пожар, информира Центарот за управување со кризи. 

Активни се пожарите во општина Студеничани – над с. Моране, Вртекица и Рамни Габер, каде што гори мешана шума, во Македонски Брод – место викано Видуш, кај село Драгов Дол (ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки), во општина Битола – село Лопатица (ниска вегетација), во општина Новаци – селата Маково, Мојно и Брник (ниска вегетација и деградирана шума), општина Крушево – на  потегот од село Алданци до село Норово (нискостеблеста деградирана дабова шума) и во општина Велес – село Слп, каде што со огнот е зафатена шума. 

Под контрола се три пожари – депонијата во општина Делчево, во општина Могила – селата Лознани и Вашарејца (ниска вегетација) и во општина Јегуновце – село Копанце (зафатена е шума).

Реклама

ЦУК известува за 31 изгаснат пожар: 

Општина Сарај: Сарај (ниска вегетација и дрвја)
Општина Сарај: с. Семениште (борова и ниска вегетација)
Општина Сарај: с. Раовиќ (ниска вегетација и мешана шума)
Општина Прилеп: с. Сенокос (железнички прагови)
Општина Прилеп: кај старата фабрика „Партизанка“ (ниска вегетација)
Општина Прилеп: регионален пат с. Беровци – с. Веселчани (ниска вегетација)
Општина Прилеп: месност „Варош“ (ниска вегетација)
Општина Прилеп: ул. „Благоја Шукуроски“, спроти црквата „Св. Димитриј“ (ниска вегетација)
Општина Прилеп: над бараки Варош (ниска вегетација)
Општина Кривогаштани: с. Мирче Ацев, односно с. Петрово (пчеларник)
Општина Крушево и Долнени: с. Селце и с. Житоше (ниска вегетација)
Општина Ново Село: помеѓу с. Борисово и с. Колешино (две диви депонии)
Општина Василево: с. Василево (депонија)
Општина Охрид: с. Велгошти (ниска вегетација)
Општина Охрид: Петрино, ул. „15-ти Корпус“ (стрниште)
Општина Струга: с. Долно Татеши (ниска вегетација и нискостеблеста шума)
Општина Струга: с. Корошишта (стрниште, ниска вегетација и насади со лешници)
Општина Кичево: с. Манастирско Доленци (нискостеблеста деградирана шума)
Општина Кичево: с. Гарани (стрниште и куќа)
Општина Чашка: Богомила, кај железничката станица (ниска вегетација, дрвени железнички прагови и бандери)
Општина Велес: помеѓу с. Сливник и с. Бузалково (ниска вегетација, грмушки и бандери)
Општина Кавадарци: с. Чемерско (сува трева и грмушки)
Општина Кавадарци: ул. „Сремски Фронт“ бр. 18
Општина Куманово: с. Косматец (ниска вегетација)
Општина Липково: с. Слупчане (плевна и дел од куќа)
Општина Јегуновце: с. Сирочино (депонија)
Општина Јегуновце: над с. Копанце (ниска вегетација и ситни грмушки)
Општина Тетово: с. Џепчиште (ниска вегетација)
Општина Врапчиште: с. Градец (ниска вегетација и ѓубре)
Општина Гостивар: на излез од Гостивар (ниска вегетација)
Општина Гостивар: с. Страјане (ниска вегетација)