Реклама

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Урагански ветришта, двонеделен пеколен бран, сега најава за ново невреме: На што се должат овие нагли перомени?

Страотни пожари во Албанија и Црна Гора: Големиот пожар кај популарниот Херцег Нови стигна до куќите во градот

Откако СДСМ си ја „присвои независноста“ сега ДУИ го приватизира Рамковниот договор

Лагата за водата во Скопје: Изолирани случаи или добро смислено сценарио за предизвикување паника и несигурност?

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Македонија

Марков: Со рекорден буџет од над 1 милијарда евра и 300 нови специјализанти вложуваме во квалитетно и достапно здравство

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со конкретни мерки за унапредување на здравствениот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со конкретни мерки за унапредување на здравствениот систем, со јасен фокус на јакнење на медицинскиот кадар, примарната здравствена заштита и обезбедување поголема достапност на здравствените услуги за граѓаните, истакна пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Петар Марков на прес-конференција.

Како потврда за оваа определба, годинава за здравството се обезбедени рекордни повеќе од една милијарда евра, што претставува најголема финансиска поддршка досега за овој сектор. Овие средства се насочени кон инвестиции во човечки ресурси, здравствени услуги, инфраструктура и медицинска опрема. Посебен акцент ставаме на младите лекари, затоа што без стручен и мотивиран кадар нема квалитетно здравство.

Со одлуката за вработување на уште 300 приватни специјализанти до крајот на 2026 година се прави значаен чекор кон решавање на долгогодишниот недостиг од специјалистички кадар во јавните здравствени установи.

Реклама

Ова значи сигурна професионална перспектива за младите лекари, повеќе специјалисти во болниците и клиниките и поквалитетна здравствена заштита за граѓаните низ целата држава, затоа што вложувањето во младите лекари е вложување во иднината на македонското здравство.

Покрај ова, Владата го реализираше и историското зголемување на капитацискиот бод за матичните лекари по општа медицина и гинекологија, кој се зголеми од 75 на 100 денари, односно за 33%,  додека за матичните стоматолози капитацискиот бод е зголемен од 61 на 75 денари.

Ова претставува директна инвестиција во примарната здравствена заштита и во матичните лекари, кои се првата и најважна алка во здравствениот систем. Со ова се создаваат подобри услови за работа, а воедно се поттикнува отворање и на нови ординации.

Продолжуваат и мерките кои директно го подобруваат пристапот на пациентите до современа терапија.

Позитивната листа на лекови е проширена со нови терапии. Најпрво беа додадени девет нови генерички лекови за лекување на кардиоваскуларни заболувања, депресија и деменција, а потоа листата беше дополнета и со три нови антикоагулантни лекови – Еноксапарин, Надропарин и Ривароксабан.

Со овие измени, пациентите добиваат поширок пристап и до современи и ефикасни терапии на товар на ФЗО што придонесува за поквалитетно лекување и намалување на финансискиот товар за граѓаните.

Почитувани,

ВМРО-ДПМНЕ покажа дека здравството се унапредува со конкретни политики, инвестиции и мерки.

Инвестираме во младите лекари, го јакнеме примарното здравство, обезбедуваме поголема достапност на современи лекови и вложуваме рекордни средства во здравствениот систем.

Продолжуваме со реформи и конкретни проекти, затоа што нашата цел е модерен, ефикасен и достапен здравствен систем.