Реклама

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Урагански ветришта, двонеделен пеколен бран, сега најава за ново невреме: На што се должат овие нагли перомени?

Страотни пожари во Албанија и Црна Гора: Големиот пожар кај популарниот Херцег Нови стигна до куќите во градот

Откако СДСМ си ја „присвои независноста“ сега ДУИ го приватизира Рамковниот договор

Лагата за водата во Скопје: Изолирани случаи или добро смислено сценарио за предизвикување паника и несигурност?

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Македонија

Мицкоски за 25 години Рамковен договор: Минатото не можеме да го промениме, но можеме да одлучиме каква иднина ќе изградиме

Охридскиот рамковен договор е дел од нашата понова историја и од политичката…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Охридскиот рамковен договор е дел од нашата понова историја и од политичката и институционалната реалност на државата. Денес, на годишнината од неговото потпишување, важно е на овој документ да гледаме со зрелост, со почит кон различните ставови што постојат во општеството и, пред сè, со одговорност кон иднината, истакна премиерот Христијан Мицкоски по повод 25 години од потпишувањето на Рамковниот договор.  Во објава на Фејсбук пртседателот на Владата порачува дека „историјата не треба да ја приспособуваме на дневната политика, ниту да очекуваме сите да имаат ист однос кон настаните од минатото“ и оти денес треба да се обединиме околу прашања што ги засегаат денешните генерации. 

– Свесни сме дека Рамковниот договор различно се доживува и толкува меѓу граѓаните. Историјата не треба да ја приспособуваме на дневната политика, ниту да очекуваме сите да имаат ист однос кон настаните од минатото. Но, наша обврска е од минатото да извлекуваме поуки и да градиме држава во која различностите нема да бидат причина за поделби, туку реалност со која управуваме мудро, одговорно и во рамките на институциите. Повеќе од две децении подоцна, пред нас стојат нови предизвици. Денешните генерации очекуваат функционални институции, еднаквост пред законите, квалитетно образование, подобро здравство, повисок животен стандард, економски развој и можности својата иднина да ја градат дома. Тоа се прашањата околу кои треба да се обединуваме, без оглед на етничката, верската или политичката припадност. Време е политиката сè помалку да се занимава со тоа што нè разделува, а многу повеќе со она што заеднички треба да го изградиме, напиша Мицкоски.

Како што вели, на Македонија ѝ е потребно општество во кое вредноста на човекот нема да се мери според неговото потекло, туку според неговото знаење, труд, чесност и придонес кон заедницата.

Реклама

-Држава во која институциите ќе му служат на граѓанинот и во која напредувањето ќе зависи од способноста и резултатите. Нашата одговорност денес е да создадеме стабилна и сигурна држава во која секој ќе се чувствува почитуван и еднаков пред законот, а истовремено да изградиме заедничко чувство на припадност и одговорност кон државата. Минатото не можеме да го промениме, но можеме да одлучиме каква иднина ќе изградиме. Таа иднина мора да биде ослободена од етнички тензии, политички манипулации и поделби кои со години се користеа како замена за резултати. Наместо тоа, потребни ни се работа, развој, ред, меѓусебна почит и силни институции. Тоа е обврска кон генерациите што доаѓаат да им ја оставиме Македонија постабилна, поуспешна и поправедна од онаа што ние ја наследивме. Држава во која различностите ќе се почитуваат, но заедничката иднина ќе биде посилна од сè што нè дели, објави премиерот Мицкоски на својот фејсбук-профил.