Реклама

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Урагански ветришта, двонеделен пеколен бран, сега најава за ново невреме: На што се должат овие нагли перомени?

Страотни пожари во Албанија и Црна Гора: Големиот пожар кај популарниот Херцег Нови стигна до куќите во градот

Откако СДСМ си ја „присвои независноста“ сега ДУИ го приватизира Рамковниот договор

Лагата за водата во Скопје: Изолирани случаи или добро смислено сценарио за предизвикување паника и несигурност?

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Македонија

Во јуни издадени за 39 отсто повеќе одобренија за градење од лани

Во јуни годинава се издадени 296 одобренија за градење, што е за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во јуни годинава се издадени 296 одобренија за градење, што е за 39.0 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година, соопшти Државниот завод за статистика.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 6 363 610 илјади денари, што е за  31.0 % повеќе во однос на истиот месец лани. Најмногу одобренија – 70, се издадени во Полошкиот регион.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 200 (67.6 %) се наменети за објекти од високоградба, 26 (8.8 %) за објекти од нискоградба и 70 ( 23.6 %) за објекти за реконструкција.

Реклама

Од вкупно 296 објекти, на  218 (73.6 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 78 (26.4%) објекти инвеститори се деловни субјекти. 

Во извештајниот период е предвидена изградба на 754 станови со вкупна корисна површина од  64 266 м2.са.