Во преполниот парк со публика од сите генерации во Велес синоќа се одржа големиот музичко-сценскиот спектакл „Силно светнал ден“, посветен на 35 години независност на Македонија.
Настапија околу 80 уметници од забавната и народната музика со познати евергрини, а преку музика, поезија, глума и танц пред многубројната публика која им ракоплескаше и пееше во рефрен со нив. Уметниците како ѕвезди од бината ги поведоа присутните низ приказната за убавините на Македонија – низ нејзините подеми и предизвици, минато и сегашност, потсетувајќи на сето она што нè обединува и на она што со гордост го нарекуваме свое, потенцираат денеска од Општина Велес.
Од Општина Велес кои беа одлични домаќини на големиот караван на познати музичари и ѕвезди од естрадата, денеска оценуваат дека синоќа беше ноќ за паметење кога илјадници гласови, погледи и емоции се споија во едно, зборовите станаа премалку, кога имаме емоции со љубов за нашата Македонија.

Воедно потенцираат дека кај присутните се чувствуваше гордост и емоции што се живее и достоинство со кое се слави нашата Македонија..
Од бината уметниците ни порачаа секое место на светот е убаво, но за нас Македонците има само еден дом ,тоа се нашите родните огништа каде не чека нашата една мила Македонија. Воедно од свечената бина организаторите и присутните испратија и голем поздрав до сите наши Македонци каде и да се’ во светот.

Присутните со големи емоции изјавија дека спектаклот навистина бил величествен и уживале.во изведбата на уметниците.
Мира Петрова, која присуствуваше на концертот вели дека е среќна што и Велес е дел од овој голем спектакл за 35 години независност на Македонија и дека цело време со своите пријателки уживале и пееле заедно со македонските ѕвезди од естрадата.
На видео бим беа пуштени и песни со Тоше Проески и Владо Јаневски, а публиката пееше и плачеше со насталгија што ги нема нивните омилени идоли.

