Реклама

Урагански ветришта, двонеделен пеколен бран, сега најава за ново невреме: На што се должат овие нагли перомени?

Страотни пожари во Албанија и Црна Гора: Големиот пожар кај популарниот Херцег Нови стигна до куќите во градот

Откако СДСМ си ја „присвои независноста“ сега ДУИ го приватизира Рамковниот договор

Лагата за водата во Скопје: Изолирани случаи или добро смислено сценарио за предизвикување паника и несигурност?

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Македонија

Муцунски: Мора да има одговорност за ширење паника и дезинформации од страна на опозицијата

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија и член на ИК на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски, во гостувањето во гостување на една од националните телевизии се осврна на, како што рече, ширењето лажни вести и дезинформации од страна на СДСM, наведува ВМРО-ДПМНЕ во соопштение. 

-Ова е лоша траекторија по која се движи најголемата опозициска партија. Седум години го уништуваа системот и ја поткопуваа довербата на граѓаните во институциите, а сега, кога се обидуваме да изградиме стабилен систем, преку лажни вести и дезинформации се создава паника, истакна Муцунски.

Тој нагласи дека мора да постои одговорност за ширењето лажни вести и предизвикувањето паника, потсетувајќи дека во изминатиот период опозицијата, според него, повеќепати создавала хистерија со тврдења дека нема да има плати и пензии, дека ќе има мигранти и дека надворешната политика не функционира.

Реклама

-Наша обврска како политичари е да наоѓаме решенија за проблемите. Кога сме на власт, да ги решаваме, а кога сме во опозиција, да критикуваме конструктивно и тогаш кога критиката е основана. Мора јасно да ја разграничиме критиката од лагата и ширењето хистерија, порача Муцунски.

Во тој контекст, тој посочи дека е потребен политички консензус за клучните прашања, но и одговорност кога со дезинформации се нарушува довербата во институциите.

-Треба да има одговорност за сите што шират паника и максимални казни доколку се докаже таквото постапување. Само така државата ќе функционира. Тоа не е обврска само на извршната власт, туку и на функционално и ефикасно правосудство кое треба да обезбедува правда, нагласи Муцунски, додавајќи дека „преку ширење хистерија и лажни вести се губи довербата во системот“.

Осврнувајќи се и на тврдењата за наводни тајни разговори поврзани со надворешната политика, Муцунски категорично ги отфрли ваквите наводи.

-Тајни разговори или „разговори под радарот“ нема. Никогаш не сум кажал такво нешто и тоа лесно може да се провери, истакна Муцунски.

Говорејќи за евроинтеграцискиот процес, тој оцени дека решението што го прифати претходната Влада е неприфатливо и дека неговата примена може да создаде дополнителна криза во процесот на европска интеграција.

-Нашата држава го промени своето име, а друг таков пример во Европа нема. Најмалку што заслужуваме е да бидеме оценувани и вреднувани врз основа на европските вредности и критериуми. Не смееме да дозволиме патот кон Европската Унија да нè обезличи како држава и како народ, нагласи Муцунски.

Тој порача дека обврска на Владата е да продолжи да бара решение што ќе овозможи напредок кон Европската Унија, но притоа ќе ги заштити државните и националните интереси.

-На нас е да бараме решение – решение што ќе биде достоинствено и одржливо, заклучи Муцунски.