Венко Филипче од јахтата на Зоран Заев дава насоки СДСM да шири хистерија и лажни вести за водата во Скопје, немајќи факти и аргументи. Претходно тераа лажна кампања и беа против прославата за независноста на Македонија, пишува во соопштението ан ВМРО-ДПМНЕ.
Каде е Венко Филипче? Венко Филипче седми ден е на одмор на јахтата на Зоран Заев, каде што на 6 август заминал со својот мотор преку граничниот премин Богородица. А СДСM тоа го крие. Зошто се срамат да кажат дека нивните двајца лидери се на заеднички одмор, каде што уживаат во украдените пари?
Од јахтата на Зоран Заев дава насоки СДСM да шири хистерија и лажни вести за водата во Скопје, немајќи факти и аргументи. Претходно тераа лажна кампања и беа против прославата за независноста на Македонија.

Таквиот предавнички тандем, меѓу другото, од јахтата на Егејското Море, купена со украдени пари, нарачуваше и штрајк на струмичките пиперкари, каде што манипулираа со ниските откупни цени преку фирмата на Заев за ајвар, „Мамас“.
Сè на сè, плоден одмор на талогот: шират лаги за водата, се против независноста и уценуваат земјоделци.

