Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Талогот во СДСМ го надмина секое дно и оркестрирано шири паника за безбедноста на водата во Скопје

Талогот во СДСМ го надмина секое дно, одредени центри блиски до СДСМ…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Талогот во СДСМ го надмина секое дно, одредени центри блиски до СДСМ шират паника во Скопје обидувајќи се вештачки да креираат криза, хистерија и паника кај граѓаните дека водата е контаминирана и загадена, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ шират паника по социјалните мрежи преку лажни пораки од активисти на СДСМ  дека наводно во водата имало бактерии, дека е контаминирана и загадена со цел да создадат паника кај населението и поради финансиско профитерство на фирми блиски до СДСМ кои работат со продажба на флаширана вода.

СДСМ со умисла содааат паника за одредени структури да профитираат.

Реклама

Ова е безобразен, организиран напад на опозицијата, СДСМ и Левица за ширење хистерија, страв и паника.

Граѓаните на Скопје пијат чиста и безбедна вода, тоа го потврдија и сите надлежни институции. Секој ден се прават околу 40 тина анализи на вода од различни локации во град Скопје. Скопје има една од 5-те најдобри води и извори на вода во Европа.

Венко Филипче од Грција каде е на одмор кај Заев дал насока до партиските послушници од СДСМ да креираат хаос и паника кај населението бидејќи нема што друго да понудат на граѓаните.

СДСМ да не си поигрува со здравјето на граѓаните. Го повикуваме МВР да ги најде поединците кои по насока на СДС шират дезинформации за водата во Скопје. ЈО да почни да работи.