Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека денеска има рекорден број на пожари за ова лето. До 17 часот регистрирани се 21 активен пожар.
– Службите се максимално ангажирани на терен, со цел справување со пожарите, нивно локализирање и целосно гасење. До 17 часот регистрирани се 21 активен пожар – информира директорот на ЦУК Мухамед Али.
Пожари има во:

1.Општина Македонски Брод м.в.Видуш во близина на с.Драгов Дол (ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки);
2.Општина Студеничани над с.Моране, Вртекица и Рамни габер (мешана шума);
3.Општина Студеничани 2: с.Батинци (ѓурбе);
4.Општина Илинден: нас.Илинден( ниска вегетација);
5.Општина Желино: с.Чифлик (ниска вегетација и мешена шума);
6.Општина Зелениково: с.Строхијадица(шума);
7.Општина Кичево1: с.Осој (плевна);
8.Општина Кичево 2: с.Манастирско Доленци (шума);
9.Општина Дебарца: с. Климештани према с. Ботун (ниска вегетација);
10.Општина Јагуновце: сКопанце (шума, ниска вегетација);
11.Општина Тетово: с.Џепчиште (ниска вегетација);
12.Општина Теарце: с.Пршовце (ниска вегетација);
13.Општина Гостивар: Глоба Балкан Груп – Гостивар (ниска вегетација);
14.Општина Чаир: Специјално Училиште Иднина – Поликлиника Чаир (ниска вегетација);
15.Општина Прилеп: с.Тополчани – кај млинот (висока вегетација);
16.Општина Новаци: с.Маково (ниска вегетација);
17.Општина Штип: с.Врсаково (ниска вегетација);
18.Општина Битола: с.Драгош (ниска вегетација);
19.Општина Центар Жупа: Центар Жупа (нива);
20.Општина Ѓорче Петров: железничката станица во Ѓорче Петров (ниска вегетација);
21. Град Скопје: ул.Гоце Делчев (ниска вегетација).

