Реклама

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Здравство

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

83 годишен пациент од Скопје е првиот  починат од Западно нилска треска…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

83 годишен пациент од Скопје е првиот  починат од Западно нилска треска во Македонија. Тој  бил хоспитачизиран на Инфективната клиника и бил во критична состојба. Здравствените власти прогласија епидемија од Западно-нилска треска во три скопски општини – Кисела Вода, Гази Баба и Бутел, како и во приградската Илинден. 24 се потврдени на вирусот, а за двајца се чекаат резултати. Дваесет се хоспитализирани на Инфективната клиника од кои пет се вотешкасостојба..

  • „ Од вкупниот број пациенти до сега 8 пациенти се илзекувани и испишани и се на домашно опоравување., За жал морам да напоменам дека 83 годишен пацинт со иницијали А.В, од Скопје е починат пациент кај кого има потврдена “ рече др. Фадил Цана- директор на Инфективна Клиника.

Заклучносо 11 август, серегистриранивкупно 26 случаи, одкои 2 северојатни. Однив, 25 лицасеодСкопје, а еден е одВелес

  •  Во однос на возрасната категорија, 22 лица се на возраст над 60 години. Станува збор за автохтони случаи од нашата држава, а едно лице патувало во Грција. Сите случаи се со невроинвазивна форма“ рече Марија Гочева – ИЈЗ.

Заменикминистеротзаздравство, ЈовицаАндовски истакна дека овој вирус не е нов кај нас но поради епидемиолошката состојба треба многу да бидеме внимателни и да ги следиме препораките за заштита. Додава дека состојбата ќе ја селдат надлежните институции и јавноста ќе биде навремено и транспарентно информирана.

Реклама
  • „Нашата цел е двојна навремено да ги идентификуваме и третираме лицата кои се заболени и истовремно да го намалиме бројот н нови случаи. Посебно е важно да се знае дека се пренесува преку комарци, и дека во превенцијата значајна улога има личната заштита“ рече Јовица Андовски- заменик министер за здравство.

Наделжните апелираат дека ако  почувствувате силна главоболка, висока темпратура , дезориентираност веднаш да се јават кај својот матичен лекар. Остануваат и понатаму препораките   да се користат средства против комарци, да се носи облека со долги ракави и ногавици особено во вечерните часови , да се постават заштитни мрежи на прозорците и да се отстранува застоената вода во дворовите каде комарците се размножуваат. Првиотслучај оваа година на Западно-нилска треска беше регистриран во Македонија на 15 мај а  заразениот пациент беше од Велес. Скоро сите  заразени пациенти  вирусот го добиле од домашен комарец.