Реклама

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

Економија

Владата ја усвои првата приоритетна листа: 41 проект за јавни инвестиции вредни над 5 милиони евра

Пет електрични локомотиви, завршување на зградата на ФИНКИ, нова зграда за Факултетот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пет електрични локомотиви, завршување на зградата на ФИНКИ, нова зграда за Факултетот за физичка култура, реконструкција на Болницата во Тетово, новиот Клинички центар во Штип и новата болница во Кичево, како и Дата-центарот – се меѓу 40-те проекти кои се наоѓаат на конечната приоритетна листа за јавни инвестиции усвоена од Владата.

На листата се содржани и проекти од областа на инфраструктурата, образованието, здравството, енергетиката, дигитализацијата, како и проекти од областа на земјоделството и водостопанството, вредни над 5 милиони евра.

„Првата конечна приоритетна листа, којашто е усвоена, ќе биде клучна основа за дефинирање на новите капитални инвестиции во буџетскиот процес за 2027 година, како и во инвестициските програми на јавните претпријатија и акционерските друштва во државна сопственост, што значи дека институциите при своето идно инвестициско планирање треба да се усогласат со оваа листа“, се вели во соопштението на Министерството за финансии.

Реклама

Вклучувањето на предлог-проектите на конечната приоритетна листа на предлог-проекти за јавни инвестиции не значи и обврска за нивно финансирање, ниту конечна одлука за нивно спроведување.