Без грам политика, партиски ознаки и без промоција на актуелната Влада. Без ниту една буква за ВМРО ДПМНЕ, ниту за СДСМ, туку видео во кое се слават заедничките културни и спортски успеси на сите Македонци, без разлика на верска и политичка припадност. За прв пат после долго време, во логото го има и зборот Македонија, нешто што мината влада го избегнуваше. Сепак, СДСМ без било какви издржани аргументи почнаат да фрлаат со дрва и камења по него. Дел од експертите реакцијата на СДСМ ја толкуваат како длабока фрустрација предизвикана од тоа што партијата тоне во опозициското столче.
„Ова е голем јубилеј, пофално е тоа што владата направи гест без политика се славеа заеднички културни и спортски успеси сите да се радуваме без разлика на вера, нација и политичка припадност. Со една подадена рака, вест која не беа исровоцирани се обидоа со сета сила да најдат проблем, во согласност со нивна пропаганда политика како мали деца кога не се власт на се без играчка и се плука на се. Тоа се длабоки фрустрации“, вели колумнистот и аналитичарот Цветин Чилиманов.
И не се само критиките, туку СДСМ си дозволи целосно да си ја присвои поновата македонска историја велејќи дека за секој успех била заслужна нивната партија. За Чилиманов тоа е апсурдно затоа што токму оваа партија во 90-тите години беше таа што не дозволуваше Македонија никогаш да не се одвои од поранешна Југославија и да стане независна самостојна и суверена држава. И покрај ова, и покрај сите маани од минатото, тогашното СДСМ и таа политичка постава, според него, е светлосни години пред денешното СДСМ.

„Тоа беше друго СДСМ, правеше сериозни проблеми, познато е како со силен притисок беа влечкани да прифатаат независноста, изјавите на нивни министри против зависноста како на пример, Денко Малески. Некои со полн ентузијам, некој со големи резерви, беа присутни, тоа не е нивна заслуга, туку на политичката опција, која навистина сакаше незавизност. Тоа СДСМ е светлосни години пред ова СДСМ, дури и таа независност што ја имаме му е преголем товар, која ни ги наметнии токму тие со соседите проиблемите, сериозна пречка да ја дадат некому друг да ја државата, а се повикуваат на нивно славно државотворно минато“, вели колумнистот и аналитичарот Цветин Чилиманов.
Реакцијата на опозицијата покажа дека опозициската СДСМ, е фокусирана само на црна кампања, па дури и таму каде нема никакви аргументи. Да се критикува и напаѓа се што има врска со оваа влада, па дури и проектите ослободени од партиски симболи или само величење на власта.

