Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Прилози

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити. Во јуни повеќе пари се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити. Во јуни повеќе пари се ставиле на сметка отколку што се позајмиле. Раст на кредитите од над 13% на годишно ниво во јуни – стои во статистиката на Народната банка. Вкупните кредити на граѓаните и компаниите во домашните комерцијални банки достигнале до 9,61 милијарди евра. Во јуни кредитирањето пораснало за 1,4 отсто. Притоа , бизнисот замал повеќе заеми отколку граѓаните. Интересно, населението најмногу било заинтересирано за земање станбен кредит. Во јуни, задолжувањата за доаѓање до сопствен дом биле поголеми за 1,6%. Станбените кредити пак на годишно ниво имаат раст од неверојатни 16,6%. Се уште нема информации дали ова зголемување, меѓу другото е и резултат на олеснувањето на условите за стекнување прв дом за млади. Следат потрошувачките кредити, а намалување има кај автомобилските кредити. Граѓаните се задолжувале и преку кредитните картички во јуни, а продолжува и трендот на „одење во минус“ на трансакциска сметка.

„Автомобилските кредити се намалени за 0,6% на месечна основа, додека на годишна основа бележат зголемување од 7,8 отсто. Кредитите одобрени на кредитните картички во јуни остварија месечен раст од 0,4 отсто, во услови на годишен пад од 4,0 проценти. Овој месец негативните салда на тековните сметки се зголемени за 0,9 отсто и 2,1 процент на месечна и на годишна основа, соодветно“ – пишува во Извештајот на Народна банка.

И покрај порастот на трошоците за живот, се повеќе Македонци се обидуваат да штедат. Народна банка забележа раст на депозитите во јуни од 9,9% на годишно ниво и  2,1% споредено со мај. Граѓаните во деловните банки имаат речиси 11 милијарди евра. Се забележуваат и промени во начинот на чување на парите. Намалена е количината на готови пари во оптек за речиси 2%, а раст има кај краткорочните и долгорочните депозити.

Реклама

Она што е интересно е дека банките се уште не реагираа на зголемувањето на основната каматна стапка за 0,25пп на 4,25% на средината на јуни. На крајот на шестиот месец се регистрира просечна каматна стапка кај кредитите од 4,67% која е намалена на годишна основа за 0,36 п.п. Просечната камата, пак, на вкупните депозити е 2,17% и на годишна основа е речиси непроменета.