Реклама

Новиот закон за Академијата за судии и јавни обвинители наскоро во Собранието

Казни има, но тротинетите се уште ги возат деца

Јавниот и државниот долг на Македонија се стабилни

Во СДСМ остана само талогот: Венко Филипче е само бледа и полоша копија дури и од Зоран Заев

И наставниците се задоволни од успехот на учениците на испитите од државната матура

Владата не отстапува – историјата и идентитетот се црвената линија која нема да се погази

Цените остануваат стабилни – Инфлација од само 0,1% на месечно и 2,3% на годишно ниво

Десет години од катастрофалните поплави во Скопско: Во невремето загинаа 22 лица

Мицкоски за третата фаза од железничката делница Крива Паланка – Деве Баир: Проектот нема да заврши на половина тунел во слепа улица, сега имаме целина

Демографскиот аларм се засилува, во септември ќе имаме најмалку 3.000 првачиња помалку

Просекот од државната матура е многу добар со оценка 3,66

Стоковна размена од 10,5 милијарди евра во првата половина од годината – Македонија го зголемува извозот

Прилози

Казни има, но тротинетите се уште ги возат деца

Законот е во сила речиси еден месец, казни се пишуваат, но малолетници…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Законот е во сила речиси еден месец, казни се пишуваат, но малолетници се уште може да се забележат по улиците како возат електрични тротинети, спротивно на новите правила. Со новите измени во законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, се забрани управување со тротинет на лица помлади од 18 години, но по маалските улици се уште можат да се забележат деца кои беснеат со брзите електричните возила. И дел од граѓаните го забележуваат тоа, велат на големите булевари и онаму каде полицијата редовно патролира децата внимаваат ама по населбите посебно за време на летниот распуст сликата е иста како пред да се донесе законот. 

„Мислам да. Мислам сега тука највеќе се движам, многу поретко ги има.“

„Не гледам намалување. Гледам дури се по двајца се возат децава. Сè уште, какви кациги – ретко тоа го има. Воопшто не гледам. Дури не возат каде што им е обележано, возат каде што ќе им текне.“

„Па кога како, делумно. Меѓутоа е небезбедно во секој случај.“

Реклама

„Отсекогаш овде кај нас за некого имало закон, а за некого немало закон. Додека не се спроведе за сите закон, ќе биде уште поголем хаос.“

„Опасно е.“, изјавија граѓаните

И полицијата засилено казнува. Само во првата недела од месец август санкционирала 117 возачи на тротинети.

„Во периодот од 01.08.2026 до 06.08.2026 на територија на цела држава санкционирани се вкупно 117 возачи на лесни електрични возила (тротинети). Од нив 19 на територија СВР Скопје, 10 на подрачје СВР Тетово, 21 во СВР Струмица, 6 во СВР Велес, 46 на територија на СВР Битола, 4 на подрачја на СВР Охрид а на патиштата санкционирани се 11 возачи.“, соопштија од МВР

Измените на законот беа донесени по брза постапка со двојно мнозинство. Максималната парична казна за овој вид возило е 275 евра, во зависност од прекршокот, а постои можност и возилото да биде одземено. Се казнуваат оние кои возат повеќе од 20 киломерти на час, кои немаат кацига, зборуваат на телефон или имаат помалку од 18 години. Од МВР велат дека акцијата на полицијата за интензивирано дејствување на улиците продолжува и во следните денови.