Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски – Јанша: Пријателството да го преточиме во уште посилна економска соработка, европската интеграција да се темели на заслуги

Блажо Ѓорев во Њујорк беше партнер и ко-домаќин на престижниот деловен настан на BCIU, основан по иницијатива на Белата куќа

Македонија треба да го следи европскиот тренд за ограничување на пристапот на децата до социјалните мрежи

Нови пазари и приходи: Што ќе донесе антимонот, македонското „злато на новото време“?

Хутите стигнаа до теснецот „Баб ел-Мандеб“ – нафтата на берзите може да скокне до цели 120 долари по барел

Здравството без хартија: Новата стратегија носи дигитални картони, рецепти и консултации

Во Брисел состанок на министрите за европски прашања: Во фокус проширувањето и можната промена на правилата

ДЗР: Системот за заштита и спасување неподготвен за навремено и ефикасно справување со катастрофи

Мицкоски на отворањето на Генералното собрание на ОН: Со гордост ја претставуваме Македонија на местото на кое се носат важни одлуки

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Економија

Цели 90% скок на приходите од продажбата на запленети возила и недвижнини во Агенција за одземен имот

Мерцедес, Ланд ровер, Ауди А6 – се дел од заплентите автомобили кои…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Мерцедес, Ланд ровер, Ауди А6 – се дел од заплентите автомобили кои Агенцијата за одземен имот ги отстапила на државните институции за користење. За да не пропаднат и скапаат во складиштата, сега ќе се возат со црвени таблички. Не се само тие. Продадени биле и други 30 возила за околу 130 илјади евра, со што приходите пораснале за 90 отсто во 2025 година во споредба со 2024. Лани биле наплатени околу 2,62 милиони евра, додека во 2024 година изнесувале околу 1,4 милиони евра, покажува годишниот извештај на Агенцијата. Уште 384 хаварисани возила биле продадени како старо железо за околу 61.000 евра.

  • „Во 2025 година АУОИ, што се однесува до остварени приходи, реализирала и наплатила 100% повеќе приходи во однос на 2024 година. Во 2025 година, АУОИ имала два пати поголем број на отстапени возила и отстапена разна стока на државни институции и два пати повеќе конфискувани недвижности“ стои во Годишниот извештај на Агенцијата за управување со одземен имот за 2025 година.

Во депоата ,за 12 месеци лани, завршиле 126 возила што ќе се чуваат додека не завршат судските процеси во кои се одземени.

  • ..„примени се на чување и понатамошно управување вкупно 126 патнички моторни возила меѓу кои: автомобили, комби возила, теренски возила / товарни возила, мотори / мотоцикли, трактори, запрежни коли и приколки..“ стои во Годишниот извештај на Агенцијата за управување со одземен имот за 2025 година.

Минатата година биле продадени пет недвижности, една во Охрид, една во Чаир, две во Кисела Вода и една во катастарската општина Богородица. Од продажбите биле собрани околу 1,25 милиони евра.

Реклама
  • „Правосилните пресуди во делот на конфискацијата на противправно стекнатата имотна корист како принос од кривично дело, Агенцијата за управување со одземен имот во периодот од 01.01.2025 до 31.12.2025 година изврши наплата на противправно стекната имотна корист во износ од 25.580.748,00 денари, кои средства согласно закон се уплатени во Буџет на Македонија“ стои во Извештајот.

Од парите добиени со продажбата на недвижностите, околу 1,16 милиони евра биле префрлени во државниот буџет, а приближно 87.000 евра останале на посебната сметка на Агенцијата. Според распределбата, 93 отсто од приходите од продажба одат во Буџетот, а седум отсто остануваат како сопствен приход на Агенцијата.