Реклама

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Македонија

Македонските аеродроми над европскиот просек: 41 % раст во Охрид и 2,2 милиони патници во Скопје

Македонските аеродроми продолжуваат со силен раст, а охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонските аеродроми продолжуваат со силен раст, а охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“ во јули го забележа најуспешниот месец во својата историја. Преку него поминале 52 илјади 544 патници, што е раст од 41,2 отсто во однос на лани, а реализирани се 443 летови. Во првите седум месеци од годинава опслужил 175 илјади 182 патници, односно 24,2 отсто повеќе од истиот период лани.

Позитивен тренд бележи и скопскиот аеродром, кој во јули опслужил 408 илјади 925 патници, што е зголемување од 29,5 отсто. Од јануари до јули, двата македонски аеродроми заедно опслужиле околу 2,42 милиони патници, што претставува годишен раст од 28,4 отсто. Според последниот извештај на Еј-си-ај, Македонија е лидер меѓу земјите надвор од ЕУ по раст на патничкиот авионски сообраќај во првата половина од 2026 година.