Реклама

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Економија

Андоновски: Прилепскиот центар за услуги е 11-ти за две години, дигитализацијата ја носи Македонија во напредните европски земји

Македонија ги унапредила дигиталните услуги во рамките на земјите во Европа и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија ги унапредила дигиталните услуги во рамките на земјите во Европа и бележи унапредување од 22 места, изјави министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски при денешниот престој во Прилеп за промоција на прилепскиот Ценатар за дигитални услуги.

Според Андоновски, прилепскиот Центар за дигитални услуги е единаесетти во Македонија кој за две години е отворен за унапредуање на услугите и за брзото издавање документи на граѓаните. Дстапни се околу 350 услуги. Граѓаните во Центарот ја приложуваат личната карта, кажуваат кој документ им треба и за нецели пет минути го добиваат.

-Во центарот за услуги за граѓаните се досптапни над 350 услуги. Дел од граѓаните знаат услугите да ги користат преку порталот, но оние што не знаат, немаат дома технички можности или, не сакаат сами да се снаоѓаат на порталот можат да дојдат во Центарот за услуги и врабптените ќеим помогнат да си ја завршат работата. Моментално, најкористени услуги на порталот се изводите од матичната книга на родени, венчани, умрени кои се добиваат за многу кратковреме, Уверенијата за државјанство се добиваат веднаш, за многу кратко време се добиваат потврдите за неосудуван, изјави Андоновски.

Реклама

Прилепскиот центар месечно дигитално издава 100-тина документи. Македонија ги унапредила дигитлните услуги и е во земјите со напредна технологија, сметаат од министерството за дигитална трансформација.

-Минатата година, Светската банка во индексот за дигитализација Македонија ја вброи во категоријата А. Имаме раст од 2 позиции, што значи сме во групата на дигитално развиени држави. Не сум задоволен од успесите,зашто можеуште повеќе. Во наредниот период ќе се фокусираме на нови дигитални услуги за граѓаните, поголема употреба на вештачката интелигенција, центри и Државен центар за податоци и негова заштита, поврзување на целата држава со платформата за интероперабилност. Ова е нашата зацртана патека која се надеваме дека ќе ја реализираме до крајот на мандатот и македонија, во смисла на дигитализацијата, да биде во 20 до 30-те најразвиени земји за дигиталната трансформација, рече Андоновски.

Прилеп е горд што се унапреиле дигиталните услуги, зашто сето тоа е во служба на граѓаните. 

-Ние овозможивме простор во нашиот едношалтерски систем со што финалната цел беше да покажеме дека граѓаните, со пристап до една врата, ако така може да се каже, да ги имаат на дланка сите услуги што ги издаваат и локалните и државната власт.

Според податоците од Министерството за дигитална трансформација, за две години десеткратно се унапредиле дигиталните услуги во земјава. Ако до 2024 година годишно се издавале 1 300, сега граѓаните добиваат 13 000 документи дигитално.