Реклама

„Твоја Македонија“ со засилување: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ доби плус еден пратеник, сега има 59 народни избраници

Во Прилеп промовиран Центарот за е-услуги

Трка со времето за ново срце – триесетина пациенти чекаат телефонски повик за спас

Над 200 овци кај кои беше потврдена овча сипаница се еутанизирани и закопани

Филмскиот фестивал „Преку езерото“ преку уметноста и културата до поддршка на туризмот

Собранието оддаде почит на жртвите од Сребреница

Побрз транспорт на стока во ЕУ преку Хрватска

ВМРО-ДПМНЕ фрли ракавица на СДСМ и Левица: Ќе прифатат се што ќе понуди опозицијата, само да гласа дијаспората

Николоски: Работиме на железничко поврзување на Македонија со Албанија и воведување меѓуградски возови

Ниски политички удари во Собранието- Битиќи ги навреди сметководителите, во обид да ја омаловажи министерката за финансии

Рекорден раст – речиси два милиони патници на македонските аеродроми во првите шест месеци од годинава

Енергетската независнот врвен приоритет, интензивно се реализираат повеќе преокти

Економија

Мицкоски: Владата подготвува мерки за поддршка на млекопроизводителите, ќе се заострат критериумите за увоз на млеко во прав

Владата веќе работи на измени на правилникот за увоз на млеко во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владата веќе работи на измени на правилникот за увоз на млеко во прав и палмино масло, а паралелно се подготвуваат и мерки за намалување на залихите во млекарниците и за поддршка на домашните млекопроизводители, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање дали Владата планира помош за секторот.

Според Мицкоски, актуелните проблеми во млекарството се резултат на претходни измени на регулативата со кои биле олеснети условите за увоз.

– Но, прво треба да го лоцираме виновникот, односно да го дијагностицираме проблемот. А проблемот е создаден уште пред неколку години од претходната влада, со измените на правилникот, со кои беа намалени критериумите за увоз на млеко во прав и палмино масло. Тоа е суштината. Оттаму потекнува ова што денес се случува – рече премиерот во одговор на прашање по денешната прес-конференција по потпишувањето на коалицискиот договор со Демократската партија на Турците. 

Реклама

Тој посочи дека моментно млекарниците располагаат со значителни залихи, што директно влијае врз откупот на сурово млеко од фармерите и врз откупните цени.

– Кај млекарниците има полни магацини со производи кои се произведуваат од преработено млеко. Тоа се одразува врз обемот на откуп на млеко од фармерите и, нормално, влијае врз цената, која се намалува – нагласи Мицкоски.

Тој додаде дека состојбата не е карактеристична само за земјава, туку е присутна и во државите од регионот. Како дел од мерките, како што најави, Владата работи на воведување построги критериуми за увозот на млеко во прав и за економските оператори што го увезуваат, при што приоритет ќе биде заштитата на домашните производители.

– Со новиот правилник се воведуваат построги критериуми што се однесуваат на млекото во прав и на економските оператори што го увезуваат. Во периодот што следува, наш примарен интерес се домашните фармери, односно млекопроизводителите од нашата земја – истакна премиерот.

Мицкоски најави и активности за стимулирање договори меѓу млекопроизводителите и преработувачите, како и обезбедување средства од општествено одговорни компании за откуп на вишоците производи од магацините на млекарниците.

Воедно, тој потсети дека по завршувањето на ребалансот на Буџетот ќе следува исплата на субвенциите за 2025 година, нагласувајќи дека Владата работи на надминување на состојбите наследени од претходниот период.

– Нормално, по завршувањето на ребалансот на Буџетот ќе бидат исплатени и субвенциите за 2025 година. Само за потсетување, во 2024 година не беа исплатени субвенциите за 2023 година кога ние ја презедовме власта. Сега зборуваме за субвенции што ќе бидат исплатени за 2025 година, што значи дека процесот се одвива тековно – рече Мицкоски.