Реклама

„Твоја Македонија“ со засилување: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ доби плус еден пратеник, сега има 59 народни избраници

Во Прилеп промовиран Центарот за е-услуги

Трка со времето за ново срце – триесетина пациенти чекаат телефонски повик за спас

Над 200 овци кај кои беше потврдена овча сипаница се еутанизирани и закопани

Филмскиот фестивал „Преку езерото“ преку уметноста и културата до поддршка на туризмот

Собранието оддаде почит на жртвите од Сребреница

Побрз транспорт на стока во ЕУ преку Хрватска

ВМРО-ДПМНЕ фрли ракавица на СДСМ и Левица: Ќе прифатат се што ќе понуди опозицијата, само да гласа дијаспората

Николоски: Работиме на железничко поврзување на Македонија со Албанија и воведување меѓуградски возови

Ниски политички удари во Собранието- Битиќи ги навреди сметководителите, во обид да ја омаловажи министерката за финансии

Рекорден раст – речиси два милиони патници на македонските аеродроми во првите шест месеци од годинава

Енергетската независнот врвен приоритет, интензивно се реализираат повеќе преокти

Економија

Николоски: В година првите километри од автопатот Тетово – Гостивар, работиме и на железничко поврзување на Скопје со Албанија

В година ќе бидат готови првите километри од автопатот Тетово – Гостивар,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

В година ќе бидат готови првите километри од автопатот Тетово – Гостивар, кој според сегашната динамика ќе биде целосно готов во 2028, а работиме и на железничко поврзување на Скопје со Албанија како продолжение на активностите од проектот „Градски воз“ – информира денеска вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски. 

– Добро оди изградбата на автопатот Тетово – Гостивар. Тоа е автопат што го почна оваа Влада, решени се сите прашања поврзани со експропријацијата, сега се решаваат работите што се поврзани со дислокација на водови. Исто така, не сакаме да го отсечеме населението од едната или другата страна на автопатот и затоа паралелно се работат натпатниците, односно мостовите и, дополку продолжиме со оваа динамика, веќе в година ќе ги видиме првите завршени километри, а до крајот на 2028 година целосно ќе биде завршен автопатот од Тетово до Гостивар и тоа е нешто на што особено се гордеам – изјави Николоски при посетата на општина Тетово.  

Тој информира дека заедно со Европската Унија, во рамките на планот за раст, веќе интензиво се работи на документација за железничко поврзување на Скопје со Тетово и Гостивар во прва фаза, со Кичево во втора, а во трета фаза со Охрид, Струга и Република Албанија. 

Реклама

– Мојата идеја е еден вид сон да направиме меѓуградски возови, нешто што многу ќе го растовари сообраќајот, ќе ги намали метежот и загадувањето. Интензивно се работи тој проект и се надевам дека веќе в година ќе можеме да ги видиме првите конкретни работи и за неколку години да може за половина час да се оди од центарот на Тетово до центарот на Скопје со едно пријатно возење – рече Николоски посочувајќи дека овие активности ќе бидат продлжение на прокетот „Градски воз“ во рамките на Скопје.