Реклама

Најмалку 120 доброволци ќе гаснат пожари без пари

„Преку езерото“ годинава од 8-15 јули во Дојран, Струмица и Гевгелија

Демократија на зборови, на дело сосем обратно: И Славјанка Петровска се најде на листата на Венко Филипче за „отстрел“

Нов автопат Скопје-Блаце, изградбата ќе започне во август

Експерти: Со предвемената отплата на еврообврзницата се стабилизра јавниот долг

Димитриеска-Кочоска: Јавните финансии стабилни, даночните приходи растат и се резултат на редовната економска активност

Фаризи: Владата се движи на прав пат и ги исполнува очекувањата на граѓаните

Решен проблемот со лекот за пациентите на дијализа во струшката болница

Над 1.200 проекти низ општините – Кавадарци добива современ спортски комплекс

Меѓуврсничко насилство: Се почесто или само повеќе видливо заради социјалните мрежи?

Мицкоски: вратен долг од претходната Влада во износ од 700 милиони долари

Мицкоски: Опозицијата го бојкотира изборниот законик да не испорачаме 10 од 10 од реформската агенда

Македонија

Манасиевски: Венко Заев поради страв, Апасиев за повеќе пари, СДСM и Левица го блокираат Изборниот законик на штета на дијаспората и реформите

Коалицијата на СДСM и Левица заеднички го блокираат донесувањето на новиот Изборен…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Коалицијата на СДСM и Левица заеднички го блокираат донесувањето на новиот Изборен законик, во кој се вметнати забелешките на ОБСЕ и ОДИХР, како и барањата на двете политички партии кои со месеци беа усогласувани на работните средби за ИЗ, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ за прес-конференцијата на портпаролот Валентин Манасиевски.

Венко Заев и СДСM се спротивставуваат на решението македонската дијаспора да гласа во што поголем број. Како ВМРО-ДПМНЕ предложивме тоа да биде по електронски пат или пак по пошта. Овој предлог беше одбиен од страна на Венко Заев и СДСM затоа што кај нив владее страв за тоа дека граѓаните кои ја напуштија државата во периодот на нивното владеење, нема да ја поддржат нивната политика, а со тоа ќе доживеат уште поголем пораз на следните претседателски избори.

Од друга страна пак, Апасиев и Левица, и покрај тоа што добија прифаќање на своите предлози во делот на финансирањето на изборните кампањи, тие не го потпишуваат договорот кој беше граден со месеци, меѓу сите политички партии, за да се претстават пред јавноста како партија со која нема преговори. Жално е што на ваков начин се обидуваат да добијат политички поен повеќе.

Реклама

Едноцифрените рејтинзи на СДСM, но и на Левица ги доведуваат до стадиум на избезумување и спроведување на политики со негативни последици по двете партии. 

Почитувани граѓани, со ваквата блокада се доведува во прашање исполнувањето на реформските обврски на државата. Токму затоа и Европската Унија повика на консензус и на навремено донесување на Изборниот законик.

ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот дека Изборниот законик треба да биде донесен со широк политички консензус, во интерес на државата, реформите и обезбедувањето на можност македонската дијаспора да го оствари своето право на глас по електронски пат.