Реклама

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Пресуда за Мерко: 5.000 евра казна за незаконското обележје на општината

Стаорците го разбудија Герасимовски – конечно почна вонредната дератизација во Општина Центар

Разбиена мрежа за шверц на лекови: Претреси во три града и шест уапсени

Западно нилска треска одзема уште еден човечки живот

Македонскиот рубин добива „лична карта“ – ќе биде препознатлив национален производ

Градоначалникот на Центар Герасимовски како да се скри во глувчешка дупка

Се бара решение за блокадите на Али Ахмети: Има ли начин да се победи собранискиот проблем наречен ДУИ?!

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Алчноста за пари на Апасиев пред реформите, Левица го блокира Изборниот законик

Апасиев повторно го погази зборот, алчни само за пари Левица го блокираат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Апасиев повторно го погази зборот, алчни само за пари Левица го блокираат Изборниот законик. Левица и Димитар Апасиев  докажаа дека нивните зборови не вредат ништо кога ќе дојде време да се преземе одговорност.

Иако со консенсуз од сите политички партии беше прифатено она што Димитар Апасиев и Левица го бараа, а тоа е повеќе пари за финансирање на кампањата од Буџетот, квази левичарите денес тој договор го поништуваат, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. 

Левица со денови јавно зборува за принципи, демократија и една изборна единица, а кога на маса беше ставен договор во кој беа прифатени нивните барања, решија да го блокираат процесот и Изборниот законик.

Реклама

Левица на чело со Апасиев потврди дека нивната политика не се темели на принципи, туку на дневен политички маркетинг и пресметана конфронтација.

Левица избра да прави политички театар

И вештачки кризи со цел да соберат политички поен плус наместо напредок, реформи и современ и функционален Изборен законик.

Левица избра да се служи со провиден политички маневр иако фактите се јасни, беше постигнат широк политички консензус и беа прифатени решенија кои ги бараше и Левица.

Левица избега од договореното, Апасиев се повлече и одлучи да го блокираат процесот.

Граѓаните на дело го видоа лицемерието и двојните стандарди на Апасиев и Левица.

Единствено што му е важно на Апасиев се повеќе пари, Апасиев едно зборува пред камерите, друго прави зад затворени врати глумејќи тврдокорен.

Левица нуди само популизам. Левица нема решенија, Апасиев нуди само блокади.

На Македонија и се потребни институции што функционираат и политичари што стојат зад својот збор, а не политички претстави и евтини маневри како тие на Апасиев и Левица кои заедно со Венко Заев и СДСМ ги кочат реформите.

Граѓаните не им веруваат на квази политичари кои ги интересираат само сопствени интереси и пари, впрочем за тоа говорат и анкетите каде СДСМ и Левица ја губат поддршката од народот.