Денешната прес-конференција на СДСM, потврди дека навистина веќе не знаат каде тераат. Пред два дена велеа дека ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски стоеле зад овие платформи, за денеска да се самодемантираат и да потврдат дека ударите им доаѓаат одвнатре, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Лагите и манипулациите кои ги ширеа кон ВМРО-ДПМНЕ и претседателот Мицкоски се доказ за начинот на кој СДСM ја води својата политика.
Што и да им се случи, веднаш го вперуваат прстот кон ВМРО-ДПМНЕ и претседателот Мицкоски, наместо да сфатат дека проблемот е токму во таа мала група на Венко Заев и неговите лојалисти кои ја узурпираа некогаш големата СДСM.

Сепак, драго ни е што пропаднаа лагите и манипулациите од страна на СДСM и дека вистината секогаш излегува на виделина.
