Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Конески: Студентите од август активно се вклучуваат во работата на општините

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ го става младиот човек во центарот на своите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ го става младиот човек во центарот на своите политики и создава услови младите да ја гледаат својата иднина дома, во своите општини. Наш приоритет е развојот на локалната самоуправа. Силни општини значат подобри услуги, побрз развој и повеќе можности за секој граѓанин затоа што локалниот развој не може да биде успешен без вклучување на младите, нивното знаење, идеи и енергија, рече на прес-конференција  Тодор Конески, претседател на Унија на млади сили (УМС) на ВМРО-ДПМНЕ.

Токму затоа Министерството за локална самоуправа и Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво – ИНОВА воспоставуваат стратешка соработка која ќе донесе нов пристап во развојот на општините преку активното учество на младите, 

Ова партнерство ќе овозможи јакнење на капацитетите на општините, поголемо вклучување на младите во локалните процеси и примената на современите решенија кои ќе придонесат за поквалитетни услуги за граѓаните.

Реклама

Програмата „Месеци на практикантство“  ќе се реализира во текот на август и септември во соработка со државните универзитети. Преку оваа програма, студентите ќе добијат можност своето академско знаење да го применат во пракса, работејќи директно во општините.

Агенцијата ќе го координира вклучувањето на студентите, додека Министерството за локална самоуправа, преку Ресурсниот центар за поддршка на општините и воспоставениот меморандум за соработка со државните универзитети, ќе ја организира и координира практична работа согласно реалните потреби на општинските администрации.

Ова не е само можност за стекнување работно искуство. Ова е можност младите директно да учествуваат во подобрувањето на функционирањето на општините. Нивните идеи, современи знаења и нови пристапи ќе помогнат во унапредување на административните процеси и услугите кои секојдневно ги користат граѓаните.

Наместо проекти кои остануваат само на хартија, локалните предизвици ќе бидат основа за конкретни повици, а ИНОВА преку своите грант-програми ќе обезбедува финансиска поддршка за стартап компаниите, иновативни бизниси и претприемачите кои ќе понудат практични и применливи решенија.

Сите програми, јавни повици и можности што ги нуди државата ќе бидат многу подостапни за граѓаните, за младите, за претприемачите и компаниите во сите региони, а не само во главниот град во земјата.

Со ова се создава врска меѓу локалната самоуправа, академската заедница, иновативниот сектор и приватниот бизнис.

Ова е разликата помеѓу политиката што останува само на ветувања и политиката што носи резултати. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ покажува дека младите се вистински партнери во градењето на иднината на Македонија.

Продолжуваме со политики кои ќе ги поврзуваат институциите, ќе ги отвораат можностите за младите и ќе создаваат модерни, развиени и функционални општини. Нашиот пристап е конкретна работа, реални проекти и видливи резултати за секој граѓанин.