Реклама

Отстранувањето на урбана опрема прекина хуманитарна акција во Струга

Оперативните мерки – можност за остварување на посакуваните бизнис идеи

ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски во убедливо водство по две години власт

Што нудат бројките во ребалансот?

Шест пожари во еден ден, најкритично во пробиштипско

Некои маркети ја зголемиле маржата за 2-5%, Мицкоски ќе ги повика на состанок

СДСМ си најде нови непријатели: Сите што не се согласуваат со Филипче, работеле за Мицкоски, барем според Филипче

Се продаде луксузното ауди на Мерко, со парите ќе се вратат само дел од долговите во кои ја заглави Општина Струга

Пред пратениците ребалансот на буџетот, поднесени над 200 амандмани

ЕУ: Изборниот законик е добро подготвен, очекуваме надминување на блокадата

Македонската армија се модернизира со воена опрема вредна над 40 милиони евра

ЕУ ги наградува реформите: Македонија пред можност да добие дополнителни пари за инфраструктура

Македонија

Ангелов: Дирекцијата за заштита и спасување работи на правната документација за ангажирање на уште двајца пилоти

Дирекцијата за заштита и спасување во моментов  има двајца професионално вработени, релативно…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Дирекцијата за заштита и спасување во моментов  има двајца професионално вработени, релативно помлади пилоти и еден постар пилот. Додека четвртиот постар пилот, којшто беше во понапредна возраст од 66-67 години, со којшто ДЗС имале договор, ова лето не лета од негови лични причини, истакна денеска директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, кој одговараше на новинарско прашање колку пилоти се вработени и дали ќе се набавуваат нови ер трактори. 

-Во овој момент ние сме договорени со уште двајца други пилоти, едниот од педесетина години, другиот неколку години повеќе, којшто е исклучително искусен. Во овој момент работам на формално-правната документација за нивно ангажирање, со што очекувам наредната сезона да имаме најмалку пет пилоти, но искрено мислам дека ќе успееме да создадеме уште три нови пилоти-изјави Ангелов.

Тој истакна дека во овој момент нашата држава за прв пат и тоа по седум години има на располагање три исправни ер трактори.

Реклама

– Мојата размисла е да се набават уште три ер трактори, од коишто најмалку еден двосед. Но, не би смеел ради дискреција да зборувам за тоа кога би се набавиле-изјави Ангелов.

​ ​Прашан дали членовите на Доброволните Противпожарни единици добиваат паричен надомест и која е нивната мотивација за излегување на терен, Ангелов истакна дека не е точно дека доброволните пожарникари работат без никаква мотивација.

– Еден доброволен пожарникар дневно зема од 100 до 120 евра, во зависност од неговиот статус и висината на неговата плата. Секој еден доброволец којшто вчера излегол на терен, ќе ја добие оваа сума преку Дирекцијата за заштита и спасување, бидејќи се дел од нашите тимови и сметаме дека тоа е еден праведен надомест за она што тие го направиле тој ден. Дел од нив се вработени, дел од нив имаат сопствен бизнис. Тој ден тие отсуствуваат од работното место и ние како Влада вршиме надомест на, ретко да кажеме условно, таа штета којашто ја трпат што не се појавуваат на работното место. Но, ако во еден ден ангажираме околу стотина доброволни пожарникари, сумата би била околу 10.000 евра. Ако ги користиме 30 дена, сумата би била 300.000 евра, така што воопшто не е бесплатно, но споредено со хеликоптерите коишто трошат околу 7.000 евра за еден час, навистина не е некоја висока сума-вели Ангелов.

Тој додаде дека за ангажирање во гаснењето на пожарите неговиот фокус пред сè бил на пензионирани припадници на Армијата, Полицијата, Противпожарните единици и како што рече „сум задоволен од бројот на лица коишто се пријавија“. 

-Во овој момент можам да кажам дека имаме пријавени доволен број на возачи на специјалните теренски возила, коишто се покажаа извонредни, затоа што онаму каде што ќе отиде пинцгауер на Дирекцијата за заштита и спасување, тешко дека може да помине друго возило, можеби и некое најново теренско возило коешто чини 150.000 евра. Ние, како Влада од ништо направивме нешто. Од возила фрлени, фрлени по паркиралиштата коишто беа готови за отпад, ние успеавме да направиме противпожарни возила, истите се уредно сервисирани, на сите им се променети гумите онаму каде што е потребно и се подготвени за дејство. На располагање имаме 22 пинцгауери, од коишто еден го користиме како медицинско возило, останатите се противпожарни, 15 БТР-80, како и пет хеликоптери коишто влечат цистерни од 2 до 6 тона-вели Ангелов.

Тој смета дека на овој начин капацитетите на Владата и минатата, а особено оваа година се значително посилни во однос на претходните години.

– На што ја темелам и мојата изјава дека оваа година сме подготвени како никогаш досега. Но, ако граѓаните се невнимателни и ако предизвикуваат пожари, а ако дува ваков ветер како што дува сега, ние колку и да сме подготвени, ќе се соочиме со големи предизвици. Ниту една држава не може да има доволен број на професионални пожарникари коишто би гаселе пожари во текот на летото, вообичаено два до максимум три месеци. Затоа, мојот фокус како директор е врз развојот на доброволното пожарникарство, но и изградбата на една нова специјална единица во рамките на Дирекцијата за заштита и спасување. Во суштина, овие луѓе коишто сега се регрутираат од редовите на полицијата, армијата и противпожарните единици, се јадрото на оваа нова специјална единица. Очекувам во наредниот период, во зависност од динамиката којашто ќе ја определам, да почнеме постепено да примаме и помлади луѓе, исклучително млади луѓе, коишто понатаму ќе поминат соодветна, сериозна обука и за противпожарна заштита, за планинско спасување, за спасување на води, за сè што е во надлежност на Дирекцијата-вели Ангелов.

Тој додаде дека негова цел е да ги растовари од обврски полицијата и армијата од нивните несуштински дејности, а  кои што сега се принудени да ги работат. Затоа што кога полицијата и војската излегуваат на терен, тие излегуваат во несоодветни униформи. Ангелов вели дека  лицата кои што ќе излезат сега од редовите на Дирекцијата ќе добијат соодветни заштитни, противпожарни униформи.