Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Манасиевски: Стравот на Венко, Заев и СДСМ е дека гласовите од дијаспората нема да одат на нивното конто, затоа што тие луѓе си заминаа од државата токму поради нивното катастрофалното раководење

Катастрофалното раководење на Венко, Заев и СДСМ со државните институции, сојузништвото со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Катастрофалното раководење на Венко, Заев и СДСМ со државните институции, сојузништвото со криминалот и корупцијата, како и понижувањата на национално ниво, натера голем број наши сограѓани да ја напуштат повремено или пак трајно нашата држава, изјави денеска на прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, стои во партиското соопштение.

Венко Заев и СДСМ, не само што ги избркаа граѓаните од државата, сега не сакаат ниту да им го олеснат начинот на гласање на изборен циклус во Македонија, затоа што знаат дека нема да ја добијат нивната поддршка односно поддршката од страна на македонската дијаспора и поради тоа, жестоко го блокираат Изборниот законик со над 10 илјади амандмани.

Тоа е вистинската причина за блокада на Изборниот законик. Страв од уште поголем пораз на следните избори.

Реклама

Јасно се гледа дека Венко Заев нема никаква визија во својата политика, освен да и наштети на државата и нејзините граѓани на било каков можен начин.

Изборниот законик го поздравува и Амбасадорот на ЕУ во Македонија, господинот Михалис Рокас, кој додаде дека Македонија ја исполнува обврската која ја има преземено во делот на испорачување на Реформската агенда и јасно бара консензус на сите политички партии за овој Закон, само Венко Заев се противи и смета дека доколку создава блокада на реформските закони дека така ќе добие политички поен повеќе.

Граѓаните ја прочитаа намерата на Венко Заев и СДСМ и затоа на следниот изборен циклус ќе ги доведат на маргините.