Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Министерот за јавна администрација Минчев ја честита 250 годинишнината од независноста на САД

Во мое лично име и во име на Министерството за јавна администрација,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во мое лично име и во име на Министерството за јавна администрација, упатувам срдечни честитки до американскиот народ и до Владата на САД по повод историскиот јубилеј – 250 години од Денот на независноста, стои во честитката на министерот за јавна администрација, Горан Минчев по повод 250 годинишнината од независноста на САД.

Овој ден, се додава во честитката, претставува цивилизациски белег на модерната државност и институционалната еволуција на една нација која низ вековите изгради уставен поредок заснован на слобода, легитимитет и владеење на правото.

-Во изминатите два и пол века, САД се етаблираа како глобален носител на демократскиот плурализам, институционалната отпорност и политичката предвидливост, со силно влијание врз обликувањето на меѓународниот систем и современите демократски стандарди. Република Македонија високо го вреднува своето стратешко партнерство со САД, кое претставува темелна оска на нашата надворешна политика и клучен фактор за стабилност, безбедност и за процесот на приближување кон евроатлантските структури, врз основа на заеднички вредности како демократија, владеење на правото и институционален интегритет – нагласува Минчев.

Реклама

Во тој контекст, Минчев посебно ја нагласи улогата на реформите во јавната администрација како суштински столб на современото државно управување.

-Поддршката и соработката со САД во насока на јакнење на административните капацитети, дигиталната трансформација и унапредување на доброто управување претставуваат значаен импулс за создавање ефикасни, транспарентни и сервисно ориентирани институции. Упатувам искрени желби за понатамошен развој, единство и просперитет на американскиот народ – нагласи министерот.