Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Економија

Голем интерес за мерката за самовработување, пријавени над 5.000 кандидати

Денеска е последниот ден за аплицирање за мерката за самовработување, а интересот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Денеска е последниот ден за аплицирање за мерката за самовработување, а интересот е значително поголем во однос на лани. Заклучно со вчера, пријавени се повеќе од 5.000 кандидати, од кои 2.002 се млади до 29 години, информира заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески при посетата на Центарот за вработување во Прилеп.

-Ги посетивме центрите за вработување низ земјава и реализацијата на годинашниов оперативен план преку мерката за самовработување се одвива добро. Секаде има зголемен интерес. Инаку, прилепчани се едни од најактивните и досега се пријавиле 316 апликанти што е повеќе од лани. Од наредната недела ќе следува уште една атрактивна мерка, а тоа е помош на правните субјекти за вработување каде посебно ќе се субвеницонира вработувањето на младите луѓе. Приоритет на Министерството и на Владата е да се вработуваат млади луѓе и да ги постигнеме основните цели: да ја намалиме невработеноста која сега е и на најниско ниво, да овзможиме развој на локалната економија и  најбитното, да ги задржиме младите и работоспособните луѓе во земјава- рече Ристески. 

Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво веќе има подготвено прирачник кој ќе им помогне на апликантите кои го пополнуваат прашалникот при кој се прави првичната селекција. Мерката самовработување има успешна реализација од 80 проценти.

Реклама

-Има успешност, бизнисите се задржуваат. Процентот на успешност е околу 80 насто. Апелирам до сите да ги следат останатите мерки, кои се надвор од оперативниот план кои ги нудат нашата Агенција, Министерството за економија и труд и Агенцијата за вработување и да аплицираат- изјави Даниела Димоска, директорка на Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво.

Со 316 апликанти во Прилеп е надминат ланскиот интерес за самовработување, а веќе се пријавуваат и заинтересирани повратници кои сакаат тука да отворат свој бизнис.

-Лани имавме 294, а годинава и тоа не е конечна бројка, се 316 апликанти за мерката самовработување. Главно, во прашање се услужни дејности. Убаво е што се користи и можноста да аплицираат повратници од странство кои сакаат овде да отворат свој бизнис. Од почетокот на годинава веќе се пет апликации, рече Виолета Димоска, директорка на Центарот за вработување во Прилеп. 

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, оцени дека зголемениот интерес за самовработување е позитивен сигнал за развојот на локалната економија и за задржување на младите во земјата.

-Голема е придобивката од интересот на прилепчани за мерките од оперативниот план. Особено што годинава е зголемен интересот што пак ќе влијае на развојот на локалната економија и на тоа младите да останат и да го најдат своето место на пазарот на трудот- рече Проданоски.

За годинашниот Оперативен план за вработување се обезбедени околу 40 милиони евра, од кои 22,3 милиони евра се наменети за мерката за самовработување. Минатата година, преку оваа и другите активни мерки за вработување, работа добиле околу 4.500 лица.