Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Економија

Божиновска и Ризваноли: Посилно енергетско партнерство за посигурен регион – „Колку повеќе сме поврзани како соседи, толку сме посигурни како држави“

Во рамки на Неформалниот министерски совет на Енергетската заедница во Приштина, министерката…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во рамки на Неформалниот министерски совет на Енергетската заедница во Приштина, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска оствари билатерална средба со министерката за економија на Косово Артане Ризваноли, на која беше потврдена заедничката определба за продлабочување на енергетската соработка меѓу двете земји.

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини соопшти дека во фокусот на разговорите биле регионалното енергетско поврзување, сигурноста во снабдувањето, диверзификацијата на енергетските извори и забрзаната интеграција на регионот во единствениот европски енергетски пазар.

Министерката Божиновска истакнала дека денешните предизвици бараат партнерства што ги надминуваат националните граници и дека Западен Балкан мора да настапува како поврзан и отпорен енергетски простор.

Реклама

– Енергетската безбедност денес не се гради поединечно, туку заеднички. Колку повеќе сме поврзани како соседи, толку сме посигурни како држави. Македонија останува силно посветена на регионалната соработка, затоа што само преку заеднички инфраструктурни проекти, интегрирани пазари и координирани политики можеме да обезбедиме стабилно, сигурно и достапно снабдување со енергија за нашите граѓани и стопанството – посочила Божиновска.

На средбата било оценето дека регионалната инфраструктурна поврзаност и развојот на нови енергетски коридори претставуваат клучен предуслов за поголема енергетска независност, подобра отпорност на идни кризи и привлекување нови инвестиции во регионот.

Двете министерки ја потврдиле подготвеноста за интензивирање на институционалната соработка и за координиран пристап во реализацијата на заедничките енергетски приоритети, во согласност со европските политики и целите на Енергетската заедница.

Божиновска нагласила дека Македонија останува активен и кредибилен партнер во сите регионални иницијативи што придонесуваат за поголема енергетска сигурност, забрзана зелена транзиција и побрза интеграција на Западен Балкан во европскиот енергетски систем.