Реклама

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Куповната моќ на граѓаните се заголемила за 18% во последните пет години

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Пронајдени уште докази по разбивањето на криминалната група од Прилеп, а поврзани со нарко-трговија и перење пари

Мицкоски пред Фон Дер Лајен: Македонија ги исполнува обврските – време е Европа да обезбеди фер процес без нови условувања

Почна изградбата на новиот дом за стари во Кочани

7.000 медицински сестри недостигаат во здравствениот систем – покрај платите, важни се и условите за работа

Економија

Договорот за изградба на автопатот Скопје-Блаце ќе биде потпишан в понеделник, најави Мицкоски

Договорот за изградба на автопатот Скопје – Блаце  ќе биде потпишан в…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Договорот за изградба на автопатот Скопје – Блаце  ќе биде потпишан в понеделник, најави премиерот Христијан  Мицкоски. 

Во гостување на една од националните телевизии, Мицкоски вечерва се осврна на резултатите на Владата во изминатите две години, истакнувајќи дека се градат шест автопати во исто време.

 – Ако зборуваме за патната инфраструктура,  за неколку месеци од сега шест автопатски делници ќе се градат. Во понеделник го потпишуваме договорот за изградба на автопатот Блаце – Скопје, проект што граѓаните го чекаат со децении и кој го доби македонска компанија. Многу наскоро ќе биде завршен и процесот за делницата Букојчани – Кичево, а догодина ова време веќе ќе треба да го користиме автопатот Кичево – Охрид. Исто така, догодина ова време очекувам првите десет километри од автопатот кај Прилеп да бидат пуштени во употреба во двете насоки, а во полн ек да биде изградбата на автопатот Тетово – Гостивар – Букојчани. Така што, првпат имаме ситуација во ист момент да се работи на шест автопатски делници. Можам да набројам уште многу проекти – рече Мицкоски. 

Реклама

Владата, оцени тој, работи макотрпно, просечната плата е зголемена за 8 илјади денари, а просечната пензија за 7 илјади денари.

– Овие две години просечната плата е зголемена за 8.000 денари. Дали е тоа доволно? Не е. Но, имајќи предвид каде почнавме мислам дека е повеќе од доволно. Ги зголемивме пензиите за 7.000 денари. Дали е тоа доволно? Не е. Но ако се земе во предвид дека просечната пензија беше некои 14.000, 15.000 денари пред оваа влада да биде влада за две години да ја зголемите за 40, 45 проценти е значаен параметар –  посочи Мицкоски. 

 Ако претходно, дополни премиерот, просечниот економски раст беше 1,8 проценти годишно, сега е 3,5 проценти. Тоа е речиси двојно поголем раст на бруто-домашниот производ.  

Во образованието, дополни, порано учебниците недостигаа цела година, а сега се подготвени уште во април за следната учебна година. Тоа беше голем предизвик за претходната Влада и процес што беше поврзан со скандали и недоречености.

Во земјоделството, посочи, имаме напредок во кој било сегмент.   – Во 2024 година 16 милиони килограми тутун, 2025 година 26 милиони килограми тутун. Во 2024 година беа произведени околу 70 милиони килограми грозје,  а во 2025 година меѓу 120 и 130 милиони килограми. Во август 2024 година акумулациите беа исполнети со само 8 проценти, а денес се на околу 18 проценти. Во „Национални шуми“ имаше три неисплатени плати, како и во „Водостопанство“. Денес тие обврски се сервисираат редовно – рече премиерот Мицкоски.