Реклама

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Крај за злоупотребите на боледувањата – МВР и ФЗО најавуваат контроли

Родово-одговорни политики за помотивирани и поефикасни работници

Излегоа конечните бројки, 1300 првачиња помалку од лани

Обвинителството го отвори трагот како Груби ја злоупотребил Владата за набавка на апарати за Лотарија

Нелегална плантажа со канабис откриена во струмичко-запленети 680 килограми, двајца уапсени

Димитриеска-Кочоска: Инвестициите и финансирањето клучни за енергетска сигурност и раст

Во Њујорк средба Мицкоски – Јанша: Пријателството да го преточиме во уште посилна економска соработка, европската интеграција да се темели на заслуги

Прилози

Која ДУИ? Каква ДУИ? – За Абази не било неуспех што ниту еден случај за екс-функционерите на ДУИ не заврши со обвинение

Ништо не видел, ниту слушнал. Тоа што нема, не пресуда, туку ниту…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ништо не видел, ниту слушнал. Тоа што нема, не пресуда, туку ниту едно обвинение против функционери од ДУИ не било неуспех на обвинителството за организиран криминал и корупција. Ислам Абази, шефот на ова обвинителство, кој патем беше сликан во опуштен атмосфера со братот на Ахмети, тврди дека не штител никого и дека кај него немало ниту една кривичина пријава за ДУИ.

  • А која е таа кривична пријава против ДУИ? – Добро, општо оти така ви почна мандатот? – Која е таа кривична пријава, како што велите вие ДУИ која е стигната до обвинителството и конкретно не е процесуирана? И кој е тој што ја сум го заштитил? Не, општо ве прашувам – Еве и јас конкретно ви кажувам. – За Соравиа – И јас ви велам дека јавниот обвинител постапува. Побарана е меѓународна правна помош од сериозна држава“ одговори Ислам Абази – Главен обвинител на ОЈО за ГОКК.

Абази, чии четиригодишне мандат завршува во ноември годинава, не сака да ги коментира критиките против него, посебно тие за запирање на истрагата на еден од најголмиет случаи на коруција од времето на ДУИ – аферата „мазут„, за која постоеше сомнение за криминал до над 160 милиони евра. За ова беше на удар и од владата.

  • Секој си има свое мислење по однос на некоја одлука, не треба секогаш да се сложуваме едни со други за нашите одлуки. Нашите одлуки подлежат на надзор и контрола на повисоките јавни обвинителства. Цело време ни вршат надзор.. “ рече Абази.

Тој се правда и за другите предмети, односно за они цели 84 проценти од предметите кои се заостанати во неговото обвинителство. Тврди дека други институции се виновни, а не обвинителите. За предметот „Соравиа“, во кој главна улога има внукот на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, Абази вели дека толку долго трае бидејќи се чекало на меѓународна правна помош. За шпиунската афера во Вила Водно, обвинителот имал нови барања за кои МВР дополнително собира информации. Единтично било и во предистрагата во предметот за „Бехтел и Енка“.

Реклама
  • Од МВР се изготви извештај и одкако го проучи јавниот обвинител се отвори потреба да се дополни тој извештај и да се дадат други насоки, да се постапува по тоа. Чекаме одговор од МВР, и секако после тоа ќе видиме дали постојат услови за донесување на јавно обвинтиелска одлука или ќе има потреба да се преземе некое друго дејствие“ рече Абази.

Абази смета дека ја зголемил транспаретноста на обвинителството и сите прашања на јавноста преку новинарите биле одговорени. Тој пред Советот на јавните обвинители го презентираше годинишниот извештај заедно со него, извештајот го презентираше и Наташа Крстевска Цалева од скопското Вишо обвинителство.