Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Македонија

КСЗД со кампања за работни места без сексуално вознемирување и насилство

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација започнува со спроведување на активности…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација започнува со спроведување на активности за подигнување на јавната свест во рамки на проектот „VIOLET – Кон работни места без сексуално вознемирување и насилство“, кој е кофинансиран од Европската Унија преку Програмата „Граѓани, еднаквост, права и вредности“ (CERV), соопштија денеска од КСЗД.

Во рамки на проектот ќе бидат реализирани две национални кампањи насочени кон информирање и едукација на јавноста за сексуалното вознемирување и начините за заштита од оваа форма на дискриминација.

Првата кампања, под мотото „Што е сексуално вознемирување?“, има цел да ја зголеми свеста за препознавање на различните форми на сексуално вознемирување, како и да ги информира граѓаните за постојните правни и институционални механизми за заштита.

Реклама

Втората кампања, „Што да направите ако доживеете или сведочите сексуално вознемирување?“, ќе понуди практични информации за постапување во случаи кога некој е жртва или сведок на сексуално вознемирување. Целта е да се поттикне нулта толеранција кон ваквото однесување, да се охрабрат жртвите и сведоците да реагираат и да се запознаат со можностите за пријавување и заштита.

Во текот на кампањите ќе бидат објавувани информативни текстови, видеоматеријали, графички содржини и други едукативни материјали преку веб-страницата на Комисијата, социјалните мрежи и националните медиуми.

Од Комисијата посочуваат дека целта на проектот е создавање побезбедни работни средини, унапредување на превенцијата и зголемување на свеста за сексуалното вознемирување, како и поттикнување на користењето на постојните механизми за заштита. Воедно, упатуваат повик до граѓаните, институциите, работодавачите, синдикатите, медиумите и граѓанските организации активно да се вклучат во кампањата и заеднички да придонесат за работна средина во која ќе се почитуваат достоинството, еднаквоста и безбедноста на секој работник.