Реклама

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Николоски: Проблемот на превозниците ќе се решава со билатерални договори

Коцката е фрлена – 5 години затвор или слобода? Груби за 10 дена седнува на обвинителна клупа

Тешка ноќ за македонските пожарникари: По 24 часа пожарот кај Лознани локализиран во најголем дел

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Изолиран инцидент или предизвикување паника – Шестмина повикани на разговор во МВР за водата во Скопје

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Урагански ветришта, двонеделен пеколен бран, сега најава за ново невреме: На што се должат овие нагли перомени?

Економија

Се доуредува правната рамка за поефикасно, транспарентно и отчетно управување со претпријатијата во државна сопственост

Собраниската комисија за економски прашања, труд и енергетска политика на денешната седница…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Собраниската комисија за економски прашања, труд и енергетска политика на денешната седница ги прифати и го проследи на натамошна постапка Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за испитување и жигосување, односно обележување на огненото оружје и муницијата и Предлог на законот за јавни претпријатија и трговски друштва во сопственост или со учество на Македонија, и двата по скратена постапка.

Со предложените измени на Законот за испитување и жигосување, односно обележување на огненото оружје и муниција, според заменик министерот за економија и труд Марјан Ристески, се врши усогласување со Законот за организација и работа на органите на државната управа и е од техничка природа.

Во однос на Предлог на законот за јавни претпријатија и трговски друштва во сопственост или со учество на Македонија, беа прифатени четири амандамни од техничка карактер.

Реклама

Заменик министерот Ристески појасни дека управувањето со јавните претпријатија, трговските друштва во државна сопственост се одвива во рамки на поставената правна и институционална структура, која се карактеризира со повеќе надлежни институции и различни законски решенија. 

– Притоа, не е воспоставен целосен интегриран пристап во вршењето на сопственичките функции на државата, ниту пак постои јасно разграничување на улогата во управувањето што влијае врз координацијата, транспарентноста и ефикасноста во работењето на овие субјекти. ​Дополнително, управувањето и следењето на работата на претпријатијата не се во целост унифицирани, а достапноста на податоци и информации за нивното работење е ограничена. Од овие причини се укажува потреба од понатамошно уредување на правната рамка со цел да се обезбеди поефикасно, транспарентно, отчетно управување со претпријатијата во државна сопственост и што ќе биде содржина на овој закон, додаде Ристески.