Реклама

Македонија се простува од Владо Јаневски – погребот на 1 јули во Скопје

Стабилизација на цените на нафтата носи поевтина храна

ССКМ: Со стабилизација на цената на нафтата се очекува стабилизрање на цените

Ја задавил поранешната сопруга, па глумел дека сонот го одвел до телото – Нови детали за грозоморното убиство во Таор

Ресорите поделени, партнерите договорени: Имињата на новите министри ќе се знаат утре по 20 часот

Литванија останува силен поддржувач на европскиот пат на Македонија

Николоски: Со реформи и инвестиции Македонски железници ќе станат поефикасни

Мицкоски: Владата ќе продолжи да работи на намалување на цените

Мицкоски на пуштање во употреба на детската градина „Кокиче“ во Трубарево

Убиена 48 годишна жена во Скопје – по пријава за исчезнување, пронајдено телото во фаза на распаѓање

Заминуваат Азир Алиу и Фатмир Лимани: Влен добива министри во правда и култура, остануваат без здравство

Евростат: Македонија со најевтина потрошувачка кошничка во Европа

Економија

Ѓорѓиевски од ССКМ: Со примена на Законот за забрана на нефер трговски практики до најниските цени за потрошувачите

Ќе бидеме многу проактивни во однос на носењето на новите закони, квалитативното…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ќе бидеме многу проактивни во однос на носењето на новите закони, квалитативното подобрување и нивната апликативна можност насекаде во бизнисот и општеството, изјави денеска претседателот на Сојузот на стопански комори на Македонија  Горан Ѓорѓиевски, по Годишното собрание на ССКМ. 

Според Ѓорѓиевски, со Законот за нефер трговски практики државата ја има клучната алатка за состојбата со цените. 

– Законот за нефер трговски практики овозможува практично државата со целиот свој инструментариум, да ги разгледа и да го види системот на производител или голем увозник, трговец – мал трговец и финално, краен потрошувач. Говорам од аспект на тоа во целиот овој синџир да се проанализира кои се цените, производната цена на пример која е, како таа се случува преку трговецот за да дојде до финалната цена којашто ќе биде Х на крајот. Да се види дали профитните маржи се соодветни и се движат во некоја нормала или, пак, профитните маржи надминуваат – после, нели, царинските давачки или даночните обврски – некои граници коишто се нелогични и неразумни. Вистинската адреса – сметаме, нели, и учествувавме во носење на Законот за нефер трговски практики – дека тој е клучната алатка и државата ја има таа алатка којашто може квалитетно да расуди и да донесе конкретни заклучоци, рече Ѓорѓиевски.

Реклама

Во однос на најавите за поголеми казни со Законот за забрана на нефер трговски практии, посочи дека се залагаат за одлуки со превентивен карактер, но оти оние кои навистина го нарушуваат законот треба да си сносат одговорност.

-Законот има употребна функција која може да реши квалитено многу работи и на крај најниската цена да дојде до крајниот потрошувач, смета Ѓорѓиевски.

Прашан дали по стабилизацијата на состојбата на Блискиот Исток и падот на цената на нафтата може да се очекуваат промени кај цените, посочи дека единствен фактор на покачување се цените за човечките ресурси, бидејќи, како што рече, според информациите од членките на комората платите се покачуваат поради сериозен недостиг на работна сила. 

– Може да се види кои биле цените пред да почне кризата. Можеме да споредиме  кои се цените или да се даде извесен период до каде што може да се намалат тие цени. Логично и рационално е да се размислува на тој начин доколку другите трошоци не се покачиле – да се видат цените пред кризата и цените после кризата. Единствено тука факторот на покачување на цени се, практично, цената на човечките ресурси, каде што имаме информации од нашите членки дека платите се покачуваат, бидејќи има силен недостиг на човечки ресурси. Веројатно во иднина тоа ќе значи доаѓање на луѓе од далечните источни земји, но тоа е тоа. Влегуваме во тој процес каде што економијата мора да функционира, изјави Ѓорѓиевски.

Во фокусот на Годишното собрание на ССКМ беше организациското зајакнување на Сојузот, дигиталната трансформација, унапредувањето на услугите за членките и јакнењето на улогата на ССКМ како активен партнер во креирањето на економските политики.

На Собранието беа усвоени годишните извештаи за работењето на ССКМ, разгледани постигнатите резултати и донесени заклучоци кои ги дефинираат приоритетите на Сојузот во наредниот период.

 Ѓорѓиевски, ја претстави визијата за новата развојна фаза на Сојузот, насочена кон изградба на современа, ефикасна и влијателна комора која ќе биде вистински сервис на македонските компании.

– Периодот на транзиција заврши. Денес започнуваме нова ера на ССКМ – комора која не чека промени, туку активно ги создава. Ќе продолжиме да работиме како силен партнер на компаниите и институциите, со јасна цел – поконкурентна економија, подобро деловно опкружување и поголеми можности за македонските компании – порача Ѓорѓиевски.

Во согласност со усвоените заклучоци, од ССКМ велат  дека во наредниот период ќе го засилат застапувањето на интересите на македонските компании преку конкретни иницијативи за подобрување на даночната политика, поддршка на малите и средните претпријатија и активно учество во креирањето на регулативите што влијаат врз деловното работење.

Како еден од клучните приоритети останува дигиталната трансформација на стопанството, преку поддршка на воведувањето на системот е-фактура, дигитализација на административните постапки и реализација на проекти за транспорт и логистика, вклучително и имплементацијата на е-CMR, со што ќе се намалат административните процедури и ќе се зголеми ефикасноста на компаниите.

Собранието ја потврди и определбата на ССКМ за активно учество во европските проекти и иницијативи, преку Европскиот дигитален иновативен центар (ЕДИХ) и други меѓународни програми, со цел да им се обезбедат на компаниите поголема поддршка за дигитализација, иновации, пристап до нови пазари и европски фондови.

Во насока на интернационализација на македонското стопанство, од ССКМ најавувват дека ќе продолжат со организација на Б2Б средби, деловни мисии и економски форуми, како и со подготовка на македонските компании за настап на EXPO 2027 во Белград. Истовремено, ќе се интензивира соработката со дипломатско-конзуларните претставништва, меѓународните партнерски организации и регионалните бизнис-мрежи.

Меѓу донесените заклучоци се и воспоставување нови услуги за компаниите членки преку полесен пристап до кредитни и грант-програми, подготовка на економски анализи и стручни советувања, развој на новата дигитална платформа на ССКМ, како и активности за проширување на членството и понатамошно јакнење на коморскиот систем.

Видеото може да го погледнете на следниот линк: