Реклама

ССКМ: Со стабилизација на цената на нафтата се очекува стабилизрање на цените

Ја задавил поранешната сопруга, па глумел дека сонот го одвел до телото – Нови детали за грозоморното убиство во Таор

Ресорите поделени, партнерите договорени: Имињата на новите министри ќе се знаат утре по 20 часот

Литванија останува силен поддржувач на европскиот пат на Македонија

Николоски: Со реформи и инвестиции Македонски железници ќе станат поефикасни

Мицкоски: Владата ќе продолжи да работи на намалување на цените

Мицкоски на пуштање во употреба на детската градина „Кокиче“ во Трубарево

Убиена 48 годишна жена во Скопје – по пријава за исчезнување, пронајдено телото во фаза на распаѓање

Заминуваат Азир Алиу и Фатмир Лимани: Влен добива министри во правда и култура, остануваат без здравство

Евростат: Македонија со најевтина потрошувачка кошничка во Европа

Со изградба на автопатот Прилеп-Битола патувањето до Атина се крати за три часа

Повик до ЕУ: Не смее да се врши притисок врз Скопје без гаранции

Економија

Потпишан грант од два милиони долари соп СБ за подготовка на проектот „Подобрување на искористувањето на водите од басенот на реката Злетовица“

Во Владата денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Владата денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски и директорката на Светска Банка за Македонија и Косово, Карол Межеван потпишаа грант од два милиони долари за подготовка на проектот „Подобрување на искористувањето на водите од басенот на реката Злетовица – фаза 2: наводнување и фаза 3: производство на електрична енергија“.

Грантот ќе го имплементира Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, преку постојната проектна единица за имплементација на проектот финансиран од Светската банка за модернизација на земјоделството, додека краен корисник ќе биде ЈП Хидросистем „Злетовица“ – Пробиштип. Имплементацијата ќе се реализира во период од 18 месеци, односно од 1 јули 2026 година до 31 декември 2027 година.

Министерот Трипуновски истакна дека овој проект претставува важен чекор кон унапредување на земјоделството во нашата држава. 

Реклама

-Со обезбедување стабилна и предвидлива достапност на вода за наводнување, ќе се создадат услови за зголемување на земјоделските приноси, воведување нови култури, проширување на обработливите површини и подобрување на економската сигурност на земјоделците и населението во регионот. Сакам да изразам искрена благодарност до Светската банка за континуираната поддршка. Со ова партнерство создаваме предуслови за развој на современи и ефикасни системи за наводнување – рече министерот за земјоделство.

Со реализацијата на проектот, како што нагласи Трипуновски, ќе се обезбеди сигурно и одржливо водоснабдување за земјоделските површини, што, како што рече, ќе значи поголема продуктивност, поквалитетни приноси и поголема конкурентност на македонското земјоделство.

Директорката на Светска Банка за Македонија и Косово, Межеван истакна дека овој проект ќе има холистички сеопфатен повеќенаменски пристап гледајќи го и управувањето со водата за тоа да биде попристапно и поефикасно искористено во земјоделието.

-Овој грант доаѓа за подготвување на втората и третата фаза на веќе добро утврден проект кој веќе има реализирано водоснабдување со питка вода на голем број лица во областа на Злетовица. Со овој грант подготвуваме проект што ќе има уште поголемо влијание на регионот и на луѓето што живеат во истиот. Исто така, гледајќи го потенцијалот за генерирање на обновлива енергија и тоа е многу важно затоа што е навистина тешко да се оствари вистински развојно влијание ако не се земе предвид целата слика и ако не се оптимизираат сите ресурси што доаѓаат од јавниот сектор, кои што ќе имаат најголемо влијание на терен, од секторот земјоделство. Навистина ми е многу мило што овој проект ќе придонесе за да се прошири наводнуваното земјиште, отворајќи можности за земјоделците да имаат поквалитетни култури, да генерираат повеќе добивка и да се отворат нови можности и за земјоделците, но и за луѓето од тој регион – рече таа. 

Межеван потенцира дека со оглед на тоа што се соочуваме и со влијанието на климатските промени, важно е да сме сигурни дека ќе воспоставиме систем за наводнување што ќе го оптимизира искористувањето на секоја капка вода за да се оствари колку што е можно поголемо влијание од тоа на терен.

-Но и енергетскиот сектор, исто така, ќе го користи постојниот систем за да се оптимизира производството на обновлива и чиста енергија со потенцијал до 15 гигавати на час годишно и на тој начин значително ќе придонесеме кон планот за обновлива енергија во Македонија. Се надевам и се гордеам верувајќи дека проектот ќе доведе до преобразба на регионот. Ќе се генерираат нови можности за земјоделците, но не само земјоделците, туку и за сите граѓани што живеат во тој регион и ќе се отворат нови можности не само во секторот на земјоделие, туку и можности во секторот на туризам и многу други сектори што би можеле да ги исползуваат овие придобивки – рече директорката на Светска Банка за Северна Македонија и Косово, Межеван.